ДО КОГА ?

Day 3,010, 05:00 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan Koloren



ПукаКопзметика - До кога ?


Текст :

Мојот народ е мирен и научен на тешко ако го гледаш од страна е пешко
зошто секој бега кога ќе е жешко и се продава лесно
земја сам себе и идеали научен е да се радува на мали ствари
научен да трпи идиоти и будали под турско и бугарско србско и под али
што му фали памет или храброст исполитизиран необразован и прост
се продава на ситно вика не е битно битно има лепче пиво и слично
мојот народ е талент за песна многу му е битно сегде да е признат
ако него џебот му е скинат у тесна кожа е од секаде е стиснат
ретко крева глас секој го гледа само својот газ
да се стигне до позиција е тоа е спас
позиционерите крадат без исаф народот е изморен а не дига бунт аааа
нема војводи комити фаланги нерешено со англија е голема победа нели
тоа е во генот тоа е во крвта од тоа не се бега македонците трпат

мојот народ е научен да ќути ќути до кога ќе ќутиш?
мојот народ е научен да трпи трпи до кога ќе трпиш?
мојот народ е научен да клечи клечи до кога ќе клечиш?
мојот народ е научен да чека чекај до кога ќе чекаш?

а мојот народ научи да блее и (беее) одма стана овца
а овца нели се стриже и (беее) ондак дава вуна
и пак е жив гол кондурата му збори го научиа од мал да не се бори
ќути и трпи клечи и чекај пакуј ги парталите време ти е бегај !
а таму надвор не те бројат така лесно се враќаш назад тука ти е место
а тука ко тесто те гмечат нешто работиш ко стока работиш за слама
реботиш по цел ден работиш за слава работиш за празник платата е мала
социјално нема битно прави деца и научи ги да ќутат трпат и клечат
а баба ќе скине конци за ден два знам има она дека декар два
ќе даде господ ќе има среќа ќе влеземе и ние во Е. У. некад

мојот народ е научен да ќути ќути до кога ќе ќутиш?
мојот народ е научен да трпи трпи до кога ќе трпиш?
мојот народ е научен да клечи клечи до кога ќе клечиш?
мојот народ е научен да чека чекај до кога ќе чекаш?