Свети Трифун - ПРАВОСЛАВЕН ПРАЗНИК !

Day 3,007, 01:27 Published in North Macedonia North Macedonia by Makedonec2015

Љубов и вино и во песните е добра комбинација, Св.Трифун или Св.Валентин се слават на ист датум. Во православниот свет се празнува Св.Трифун како заштитник на лозарите, а во католичкиот свет Св.Валентин како ден на вљубените.

Како дете се сеќавам на моментите кога дедо ми го закројуваше лозјето во чест на Св.Трифун. Тоа навистина беше свечен чин. Достоинствено со молитва кон Бога за подобар род.

Не знаев за празнувањето на Св.Валентин кој полека ни го наметна западната култура. Црвени плишани срциња и мечиња, чоколади, картички со љубовни пораки се подаруваат на овој ден на саканата личност. Тезги и излози сјаат во црвената боја. И сите забрзанo трчаат на саканиот или саканата му купат подарок.

Тренд ли стана тоа или навистина потреба и искрена желба да се посвети внимание!?

Се слави ли воопшто светецот или се славиме себеси и нашите страсти!?

Ништо поинаку не е и со оние кои како верни „чувари“ на Православието ќе го „испочитуваат“ светецот на некоја турбо-фолк забава нишајќи се во ритамот на некоја „жалопојка“.

Некои ќе прославуваат со чашка вино во името на љубовта, а некои со саканиот/а со чашка вино во раката.

Прославуваме, а не знаеме што. Св.Трифун и Св.Валентин биле маченици кои умреле во и со името на Исус Христос. Во името на повисока неземна љубов се жртвувале блажени во своите души. Ние славиме и пиеме угодувајќи си себеси.

За многу години!
St. Tryphon's Orthodox holiday