[МНР Македонија] Индиски договор

Day 2,973, 07:58 Published in North Macedonia North Macedonia by MNR Makedonija



Здраво Македонијо,

Прво сакам на сите да ви ги честитам новогодишните и божиќните празници!
Вчера беше одржан состанок помеѓу државите: Македонија, Индија, Србија и Бугарија на тема: Договор помеѓу горенаведените држави за региони во Индија. На истиот состанок беше договорено следново:

- Сите четири земји се согласуваат да ја почитуваат поделбата на региони и со тоа да се придржуваат кон пактот за ненапаѓање. Непријателски востанија во регионите кои се под кирија од една страна нема да бидат поддржани од страна на другите три. Сите партии треба да работат исто така и да ги одвратат непријателските дејствија од страна на било која држава, кој ќе ги загрози интересите на државите во регионот.

- Индија ќе ги задржи регионите: North Eastern India (Железо), Jharkhand (Железо), Bihar (Говеда), Northern India (Риба), Uttar Pradesh (Овошје), Rajasthan (Овошје), Gujarat (Овошје), Kerala (Вар)

- Индија се согласи да ги даде под рента регионите на Бугарија за 60.000CC месечно, 15.000CC за секој бонус регион. Еве ги и регионите: Jammu & Kashmir (Овошје), Orissa (Елени), Chattisgarh (Говеда) & West Bengal (жито).

- Индија се согласи да ги даде под рента регионите на Србија за 30.000CC месечно, 10.000CC за секој бонус регион. Еве ги и регионите: Karnataka (Овошје), Andhra Pradesh (Песок), & Tamil Nadu (Глина).

- Индија се согласи да ги даде регионите: Maharashtra (Овошје) & Madhya Pradesh (Говеда) на Македонија. За возврат двете држави ќе имаат тренинг војна и тоа во регионите Gujarat, Rajasthan & Northern India за TP, RH & FF медали.

- Рентата ќе биде исплатена кај диктаторот на Индија или пак кај претседателот на Индија.

- Договорот ќе може да се продолжува секој месец доколку државите потписнички на истиот сакаат да го продолжат според горенаведените услови.



Можам да кажа дека ние сме задоволни од договорот кој беше постигнат вчера. Истотака сакам да потенцирам за почитување на наредбите издадени од нашето Министерство за одбрана, и исто така да најавам интересен период кој следи. Во текот на оваа недела ќе издадам уште една статија каде ќе објаснам за што станува збор.



Министер за Надворешни Работи
DaarkoDimovski1