Не ме Прашувај!!

Day 2,953, 13:21 Published in North Macedonia Indonesia by Golden Boutique

Ме прашуваш што би сакал да ми подариш за празнициве.

Но, те молам не ме прашувај!.

Желбите мои не се многу, но тие се оние вредните, духовните.

Јас немам готов список на желби. Но, можеш да ми подариш нови

солзи, бидејќи старите ги потрошив.

Или пак нови очи , бидејќи моиве ги пресушив.

Подари ми ново срце, кое ќе може повторно да сака и да верува,

бидејќи моево е празно и повеќе не може да простува.

Подари ми нови желби и соништа, јас моите по патот низ животот

ги изгубив. Или пак нови надежи, бидејќи моите за други ги

потрошив.

Подари ми нови раце, зошто моиве од желба за прегратки ги

изморив. Подари ми нова љубов, бидејќи старата ме повреди.

А сега кажи ми , можеш ли ти воопшто нешто да ми подариш?

Или пак моите желби се невозможни.

Тогаш те молам, немој, не прашувај ме.