Политичка анализа на пактот помеѓу МКД/БГ и СРБ/УНГ

Day 2,883, 08:32 Published in North Macedonia Romania by poletarec

Почитувани граѓани на Македонија и на Србија,

Прво мала ретроспектива на настаните кои своевремено ја раздрмаа оваа игра во распаѓање.

Пред неколку месеци кога го имавме НАЈлошиот цреп некогаш виден на ереп Македонија потпиша МПП со соседна Србија. Околу тоа МПП се крена фама од неколку страни кои се противеа на истото но и некои кои истото го поддржуваа. Нам секако тогаш како и сега секое МПП со сила од таков размер ни оди во прилог, кога на некој начин сме опкружени со најјаките земји на ереп тогаш подобро е нив да ги имаме за пријатели одколку обратно. Тогашната српска влада предводена од лабилни играчи, мимо желбата на народот,жестоко се противеше на законот предложен од нашиот тогашен ЦП Мр Сантино, наводно без консултација со нив тој пуштил закон и тој зкон бил навреда на егото на ГОЛЕМЦИТЕ кои тогаш беа на власт во Србија. Се истурија клетите од тенкање против нас! Пројде и тоа, кај нив на избори истите добиваат кои во рпедизборната кампања наведоа дека не сакаат МПП со нас, кај нас после неколку кушкања од страна на сегашниот ЦП и уште неколку играчи меѓу кои бев и јас тогашниот ни ЦП Гамбле пушти закон за МПП со Србија кој беше експресно одбиен. Пеким.Неќат-неќат, кој ги е** ние идеме понатаму, со и без нив нашата цел беше остварена, ние си добивме НАП со јужниве и си продолживме своја игра.
Интересен податок е што лабиилните срби нас не не оставија на раад во понатамошните настани кои следуваа, опасно тенкање против нас за бразил, понатаму за Америка и вреѓање по официјални статии.Дебилизам кој нема крај!
НО, и на таквото арогантно и дебилно однесување од страна на ЛАБИЛНИТЕ српски политичари му дојде крај, следуваа последните претседателски избори, нивниот кандидат ја губи довербата кај народот и на власт доаѓа нов промакедонски ориентиран претседател, поддржан од најголемата партија Акциони Покрет односно коалицијата АП/СНО кои месеци наназад упорно работат на воспоставување пријателски односи со Македонија и ниеднаш не го промениле својот курс досега. Меѓутоа српската внатрешна политика е полна со интриги и заврзлами кои не би можеле да се опишат ниту во 100 статии, кратко и јасно, сегашнава влада ни се пријатели кои ни мислат добро нам и на српскиот народ, а нивните предходници се лабилни ликови кои веројатно немаат друг живот освен лечење комплекси на играва.

Само еден од многуте примери за наведеново:

Сербиан Терориста денес не предлага за ПН




Пред неколку месеци се залага за МПП со Македонија:




Еве ви и линк од неговата статија кај што сака МПП со Македонија

Доволно објаснето!

Сега ќе фрлам поглед на ова МПП од наша перспектива како се гледаат на работите меѓу некои поединци.

Веднаш се појавија некои противници на ова МПП кои како аргумент го користат Чиле, кој ни е без сомнеж еден од нашите најверни пријатели, кој ни мисли најдобро и прави секогаш најдобро што може за нас. НО, Чиле секогаш (оправдано) си гледа прво за себе.Ќе бидам краток и јасен, имаат МПП со наши најголеми непријатели-Хрватска/Турција, имаа безброј пати можност да ни дојдат на помош со напаѓање на Грција, дали преку Воздушен напад или додека имаа граница, меѓутоа тие одбраа да и удоволат на Хрватска и Турција и да ни помагаат само непосредно, односно преку борење во НАШИ битки но не и отварање на нивни против Грција. Таков сојузник кој беспоштедно се борел за нас НО само во НАШИ битки, бил приглув на нашите повици за помош на повисок левел,(како на пример братска Бугарија што направи) сметам дека има ограничени права на замерување на нашата надоврешна политика, која пред и се е креирана за НАШИ ИНТЕРЕСИ.
Би ве замолил сите кои сте разединети по ова прашање, да се сплотиме околу нашиот ЦП и да му дадеме поддршка во неговиот мандат, за надворешната политика нека ја играат нашите дипломати, наше е да следиме наредби и да помагаме на најдобар можен начин, а со најавување дека ќе се ставиме во двоклик или во некаков друг вид на бојкот на сегашнава надворешна политика, правиме само услуга на нашите непријатели а за нас самите правиме огромна ШТЕТА.


Затоа момци, ви препорачувам, МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЕ !