За МакедонЦките работи!!

Day 2,865, 02:43 Published in North Macedonia Indonesia by Golden Boutique


Ние сме мала нација,
но редовно го јадеме поголемиот стап.

Се бореа за правична застапеност,
а сите имаа кривична одговорност.

Каков апсурд!
Цел живот не мрдна ни со прст,
а го вперува прстот кон другите.

Јас сум бивалентно животно!
Ме третираат како говедо,
а ме жртвуваат како јагне.

Сите имаат многу високо мислење за себе.
Затоа и паднавме толку ниско.

Од горчливото минато станав шеќераш.

Состојбата е средно жалосна.
Ова е свет на ниски страсти и високи потпетици.

Во градскиот превоз редовно ечи сељачка музика.

Сите ме читаат освен девојка ми.
Таа одамна ме има прочитано.

Од увезените пилешки гради
и на малолетните деца
почнаа да им растат гради.

Денес пристоен живот имаат само оние
кои прифаќаат непристојни предлози.

Бевме како гз и гаќи.
На крајот ја усравме работата.

На тркалезна маса ја ставија државата на коцка.

Македонската борба продолжува.
Едни се борат за имот, други се борат за живот.

Енергетичарите мислат на сиромашните.
Премрзнатите коски зимоска ќе им ги подгреваат со изгор сметки.

Наместо да ја делат правдата,
тие го поделија судството.

Во детството парите ги чував во мала касичка-прасе.
Денес ми се кај големите свињи.

Успешно ги положив сите испити на факултетот.
Паднав на испитот на животот.

Македонија нема море,
ама многу Македонци станаа морепловци
работејќи на туѓи бродови.

На жените со широко отворени нозе
сите врати им се широко отворени.

Ми бараа познавање од компјутери.
Потоа ме искористија како глушец…

Имаше толерантен шеф.
Ѝ даваше да пуши во канцеларија.

Ме третираат како живина!
Се будам со кокошките, колвам од трошките,
а навечер се враќам како мисирките.

Не е сѐ така црно…
Буржоазијата е на бело…

Во турско се лееше крв на секој чекор.
Денес се леат солзи на секоја серија.

Во Македонија нема потреба од нудистичка плажа.
Многу луѓе по улица шетаат голи и боси!

Се грижат за нивната линија.
Додека си го вадат лебот, им ја вадат маста!

Каков апсурд?!
Македонија е родена во знакот на девица,
а ја ебава кој ќе стигне!