[МЗИ] Инфо

Day 2,852, 15:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje




Поздрав до сите


[EDIT] Летаме во Нигерија! Пред неколку часа е пуштен закон за AS кој ке биде изгласан. Повеќе информации како и линк за донации за следниот AS во статијата на МЗО


После стишувањето на страстите на балканското буре барут и после долги години војна една кратка инфо статија околу најважните фронтови за нас во моментов.


Јужна Америка


Моментално неуралгичен дел на светот каде што се кршат копјата на големите сили. Значајно е тоа што пред неколку дена Романија беше избркана од таму и се повеќе се воспоставува рамнотежа во тој дел од светот.
Во моментов Чиле има две оригинални територии и е во отворена војна со Аргентина, Перу и Бразил и како наши традиционални пријатели им е потребна помош и во востанијата и во директните битки.
Индонезија плус Океанија


Во овој дел на светот најзначајно е дека нашите сојузници Индонезија во претходниве денови имаа голем бејби бум и по секоја цена треба да се задржат нивните територии за да се задржат и играчите. По приближуванјето на ставовите на Индонезија и Австралија, Филипини ја нападнаа Индонезија и потребна е наша помош таму.
Индија


На Индискиот полуостров после истерувањето на Романија нашата братска држава Бугарија прави AS со цел да ги заштити териториите на Индија. Во моментов држи две територии и не се очекуваат позначајни перипетии во тој дел на светот.
Турција и блиски исток


Турција после два месеци без конгрес успева да се ослободи и да ја потисне Србија на почетните позиции во емиратите. Во меѓувреме се потпишува NAP помеѓу Грузија и Иран после кој Иран завзема територии во Саудиска Арабија.
Египет и Саудиска Арабија


Очекувано после потпишувањето на NAP дека нашите јужни троседи ке тргнат кон Египет. Во меѓувреме Унгарија после обидот за диктатура од Романија ги губи териториите во Саудиска Арабија.


Со почит,
Министерство за Информации