Вицеви за добар почеток

Day 2,659, 08:24 Published in North Macedonia Greece by ivica08

Да ја започнеме неделава насмеани и расположени.

Разговараат двајца службеници:
– Денес му поставив ултиматум на шефот: „Или ќе ми ја зголемиш платата, или ќе ја напуштам фирмата“.
– И, како заврши разговорот?
– Постигнавме компромис. Ниту тој ми ја зголеми платата, ниту јас ја напуштив фирмата.


Внучко колку години имаш?
– 5!
– Јас на твој години имав 6!



Еден татко имал многу глупави син. Одлучил да го искара, за да престане да прави глупости:
– Дојди ваму бе, говедо! Седи! – Викнал таткото и нервозно тропнал со прстите по масата.
– Сега тато, сега, само да отворам, некој чука.
– Седнувај ти реков бе идиот! Јас ќе отворам!!!

Добар ден, апчиња против инаeт?
– Немаме.
– Епа не излегувам додека не ми најдете!

Влегол еден крадец во дворот на една вдовица и се качил на дрвото да краде јаболка.
Таа го видела и извикала:
– Крадец! Крадец!
А тој и се заканил:
– Замолчи мори, ќе слезам долу и ќе те силувам!
Вдовицата сепак не замолчела:
– Помош, видете го крадецот!
Крадецот се симнал од дрвото, ја прескокнал оградата и избегал, а вдовицата се развикала уште посилно:
– Држете го бе, не само што краде, туку и лаже!!!

Се ми се чини дека си пијан!
– Не.
– Што не?
– Не ти се чини.




Прашува едно дете друго :
-Абе,кај тебе дома како ги викате мувите ?
-Муви.А вие?
-Ние никако,сами си доаѓаат.


Мујо и Хасо разговараат, и Мујо го прашува Хасо:
- Абе ти што работеше, што зимаш толкава плата !?
- Абе бришам прашина од атомска бомба…
- Леле, и што ако пукне ??
- Па што ми е гајле, не е моја.




Комшијата му вели на Трпе:
-Комши ќе сакаш да ми помогнеш да го
поправам кровот,ми течи од ова дождот!
-Не можам комши,имам ретка полова болест.
-Е што болест?
-Е па ме боли к**от за твојот кров!

Останете ми поздравени и весели
Ivica08