Профит за државата [МЗИ]

Day 2,591, 11:29 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Поздрав народе.

Мотивиран од статија на крсте83 за рентање на организациите, сакам јавно преку државниот весник да ја презентирам мојата идеја како нашата држава да добие огромна сума на пари во наредниот период на многу лесен и едноставен начин. НО нема само државата да биде добитник туку и самите играчи.
Во продолжение следува планот.

Со оглед на тоа дека после 2610ти ден ќе има промена во медалите True Patriot, Mercenary Medal и Freedom Fighter кои со нивно добивање наместо сегашните 5 голд ќе даваат по 1.000 денари, се очекува да има голем пораст на цената на златото.
Ова се очекува поради фактот што кога админите го најавија ова, златото одма скокна за 20тина денари, кај играчите се јави страф дека ќе бидат во загуба и побрзаа да ги претворат својот паричен фонд во златото.

По секоја логика зголемата сума пари што ќе биде во промет ќе придонесе за зголемување на цената на златото од 300-500цц во првите денови. Јас лично очекувам златото да се зголеми до минимум 750 денари. НО со ереп економијата никогаш ништо не се знае.

Значи главната идеја е следната:

Играчот Х донира сума од 10.000 денари на профилот на Volk, Lazarosa, El Che G или кој и да е за тоа вие ќе одлучите во кој најмногу имате доверба. Од големо значење е да бидат неколку души за да нема опасност од банирање.

Значи играчот донира 10.000 денари на пример кај Volk. Тој прави сс од донацијата и парите ги реди во трезорот на Македонија. По обезбедување на конгрес овие пари одат во Народната Банка на Македонија преку закон. Во оргот (НБРМ) сите пари се претворуваат во голд и голдот се враќа назад во трезор (за да се избегне злоупотреба и крадење на парите од следниот ЦП)

Или попластично:

10.000 (донираната сума на играчот) / 210 (моменталната цена на голдот) = 47 голд.

Од овие средства (донираните) државата се обврзува да му врати на играчот 30% повеќе од донираната сума (во случајов тоа се 13.000 денари). Овие пари државата би му ги вратила ОТКАКО ќе се покачи цената на голдот и државата ќе оствари профит.

Како државата ќе оствари профит?

Едноставно. При донирана сума од 10.000 денари и цена на голдот 210 цц ќе добие државата 47 голд. Овој голд преку закон од конгрес се префрла во НБРМ. Доколку се продаде да речеме по минимална сума на покачен голд 350 цц добиваме:
47 голд х 350цц = 16.450 денари

Од овие пари 13.000 одат за играчот, а 3.450 остануваат за државата (16.450 - 13.000).

Доколку 100 играчи донираат по 10.000 денари приходите на државата би биле 345.000 денари.

Во оваа сума од 345.000 се вметнати и 30% проценти за играчот. (значи чисти пари за државата)

Да речеме дека голдот ќе се качи како што јас очекувам на минимум 750цц. Бројките би биле следните:

47 голд х 750цц = 35.250

Од овие повторно одат 13.000 за играчот (донаторот), а за државата остануваат 22.250.

Доколку 100 играчи донираат по 10.000 денари при цена на голдот од 750 цц во иднина приходите на државата би биле ОГРОМНИ или 2.225.000 денари.

Зошто при различна цена на голдот играчи да добиваат иста сума на пари назад?

Затоа што на почетокот се обврзуваат од донираната сума да добијат назад 30%.

Доколку голдот не се покачи на очекуваното ниво, државата е должна да ги врати донираните пари на донаторите онака како што ги примила.

Сето ова да се реализира потребно е чесен и добар следен претседател.

Ова е мојот предлог план како државата да оствари профит и да го искористи покачувањето на голдот кое се очекува во иднина. Сите држави се подготвуваат за овие промени и будно ја следат ситуацијата.

Затоа и јас дојдов до идеја да не спиеме туку и ние да се обидеме на лесен и едноставен начин да заработиме пари кои се најбитни во играва за добивање на битки.

Во продолжение ќе ви дадам анкета каде пожелно е да се искажите дали оваа идеја е добра, дали не е и што сакате да се промени доколку вашиот одговор е не.

ФОРМАТА МОЖЕ ДА ЈА ПОПОЛНЕТЕ ТУКА

Министер за Информирање
akconel

Заменик Министер

Tony Lj Cvetkoski1