Новитети и измени [ Нов воен чин ]

Day 2,586, 07:44 Published in North Macedonia Greece by Alexander First of Macedonia


издание бр.2
Новитети и измени, издание бр. 1

Другари и другарки,

Новиот воен чин од страна на развивачите на новиет свет е презентиран, останува да се зграпчи. А за што станува збор?

Воен чин ЛЕГЕНДА

Што може да биде поголемо, посилно и подобро од Господар на војната или Титанот? Новиот воен чин е супериорен во однос на другите. Тој е на корист на сите во новиот свет. Една од интересните работи на новиот ВЧ е што токму вашето име може да биде дел од воениот чин. Проследете го текстот до крај.

Првиот чекор за освојување на овој воен чин е на 20 милијарди (Титан** е на 10 милијарди, чиста компарација). Следните чекори се на секоја нова десетка, 30, 40 и така натаму. Името на ранкот ќе биде базирано на првиот играч кој го освоил во неговата матична држава или држава на државјанство.




На пример тука, првиот играч со Финско државјанство кој ги освоил првите 20 милијарди ранк поени бил Трико. После тоа, секој граѓанин со Финско државјанство kој стигнал 20 милијарди ќе има ранк "Legends of Finland : Trico Battalion I". Името на следниот ранк ќе биде даден на првиот играч кој што ќе освои неверојатни 30 милијарди. Како на пример kamysje. Потоа неговиот чин ќе биде во форматот "Legends of Finland : kamsje Battalion II". Меѓувремено секој во Финска кој има од 20-30 милијарди поени ќе биде назван по првиот формат.Ова е почетниот шаблон, понатаму следува верижно за секоја наредна 10милијардарка.

БЕНЕФИТИ НА ВОЕНИОТ ЧИН

Да ги ставиме на една рака популарноста и славата, на другата рака имаме конкретни придобивки од овој воен чин. Пет проценти зголеменост на удар, односно 10 проценти во војување за државата каде што го постигнавте тоа. Во него се калкулирани и претходните достигнувања, не само од ова достигнување. Исто така калкулирано е за сите што го освоиле ранкот не само за првиот.

Пример, Trico би зел 50 проценти за Финска а кога ќе го смени државјанството пример во Шведско тој ќе зема 20 проценти за Шведска ( примерот е вкалкулиран за 80 милијарди ранк поени).

Како што досега има многу играчи што ги надминале целите тие ќе го добијат чинот автоматски. Моментално имаме 12 легенди во новиот свет, Македонци да удриме и да ги земеме натаму сите, хехе.




Пример, во Грција и Чиле имињата на првите 2 ранка се веќе окупирани. Како и да е, во Унгарија првиот чин се уште се граби од се страни, иако има окупатор на 2иот ранк.

Запомнете дека:

-Ако легендата го промени државјанството називот на ранкот ќе остане според него но во оригиналната односно првата држава на државјанство. Уклучува и бонуси на напад.

-Ако играчот го промени името тоа нема да влијае на чиновите. Небитно дали имало Легенди претходно во истата држава.

П.с. Мавнете по еден коментар за мисијата, ако може.