Јужен, тужен, ружен, дужен [МЗИ]

Day 2,582, 14:33 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Informiranje


Нова статија со нови известувања за најновите случувања.

Статијата ќе биде поделена на 3 дела. Првите 2 дела ќе бидат од информативен карактер, додека третиот ќе биде најважниот и најсоодветен на горенаведениот наслов и убавите зборови кои се потенцирани.





1. Полска е избришана по втор пат

Една од најсилните членки на сојузот екс-Сириус (би било неблагодарно да зборувам во светски рамки) е избришана по втор пат во е-историјата. Многу работи се променија во однос на силите на државите со организираниот напад на Аргентина и Србија против Полска. Сите го знаеме епилогот од таа исцрпувачка војна:

- Аргентина остана без ресурсите во Нигерија и Австралија и голем број потрошени пари
- Полска остана без територии и исто како Аргентина со огромен број потрошени пари
- Единствен профитер е Србија кои ја искористија ситуацијата да се прошират во Европа и да дојдат до најпосакуваниот ресурс, гумата

Се надеваме искрено дека Полска наскоро ќе си ги поврати териториите и ќе застане на здрави нозе.

Овој конфликт помогна како Бугарија така и ние да видиме бел ден и малце да правиме посериозни проблеми на нашите крвни непријатели, Романија и Грција. Бугарите имаа одлични неколку денови кога тргнаа да ја бришат на Романија и остварија завземање на неколку региони од Романија, но нивната контраофанзива беше пеколна и уште еднаш докажаа дека се доста силен противник.





2. Договор со Ирска

Во претходната статија беше објаснета акција за ослободување на Ирска од Кинезите. Операцијата беше како што очекувавме, брзо, лесно и ефикасно бркање на Кина од Ирска.

Во знак на благодарност кон нас за нашата пожртвуваност се потпиша следниот договор:

- Ни дадоа дозвола да го рентаме регионот Mayo колку што сакаме во иднина
- Првиот месец (тековниот) нема потреба да плаќаме рента
- За наредниот месец доколку сакаме да го задржиме ќе треба да платиме 10.000 денари, а за секој нареден плус месец ќе плаќаме 20% повеќе од сумата што е погоре наведена 10.000 денари
- Обврзани сме да ја враќаме сумата на пари што ја добиваме како такса што го држиме регионот Mayo
- Доколку некој ја нападне било на Ирска било на Македонија двете земји воено ќе реагираат





3. НАП со Канада

Како што веќе знаете ја затворивме тешката и незгодна војна со Канада каде ни даваа силен отпор поддржани од Грците.

Верувајте дека и ние сакавме да притискаме и да ги избришеме но ја прекинавме таа операција само заради една причина која ќе биде наведена подолу.

Прво би сакал да ви го презентирам изгледот на договорот што го потпишавме со Канада:

- Обврзани бевме да платиме 17.000 денари до Министерот за Одбрана на Англија кој има функција на посредник во овој договор
- Ние ќе го задржиме регионот Prince Edward Island
- Канада нема да поддржува востание во тој регион или ќе организира акции против тој регион
- Канада ќе ги добие назад регионите Newfoundland and Labrador и Nunavud
- Ако некоја страна го прекриши овој договор пред конгрес изборите, оштетената страна ќе ги добие парите

Сега би сакал да објаснам накратко (зошто на сите ни е познато) зошто се одлучивме да се повлечеме од идни операции во Канада.

- Додека ние се колевме со Канада, притоа трошејќи пари за КО, тенкови, барови, Грците си фармаа и си ресетираа мирно востаничките бонуси во Египет и Арабија. Знаеме колку е опасно да се остават овие наши јужни, тужни, ружни, дужни троседи да си одмараат и да зајакнат пред се економски, земајќи го во предвид фактот дека благодарение на нашите пари што ги земаат од даноци не тепаат во војните.

- Затоа бевме приморани да ја затвориме војната со Канада и да им дадеме малце внимание на нашите драги комшии да не се почувствуваат запоставени, и воедно несмееме да им оставиме период да бидат мирни и да си ја вратат силата. Доколку тоа го направиме може да се збогуваме со територии во наредните 6-7 месеци. Затоа во секоја прилика ќе мора да пукаме против нив со сите сили.





Овој месец голема е веројатноста дека ќе имаме конгрес. Се надеваме како влада дека странците ќе се вратат назад за да ги подобриме катастрофалните бројки кои се (односно беа) до знаемето на Македонија (земајќи го фактот дека се разбудивме и ја подобривме статистиката)

Тоа беше накратко околу најновите случувања.

Во иднина ќе се фокусираме комплетно на нашите оригинални територии и ќе ги задржиме регионите:

- Mayo – Ирска
- South West England – Англија
- Prince Edward Island - Канада

Доколку има нешто во иднина ќе бидете благовремено известени.

Министер за Информирање

akconel

Заменик Министер

Toni Lj Cvetkoski1