Споделете го овој статус на ФБ

Day 2,548, 13:59 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski

Zoran Mijalkov
1 мин. · Stip ·
За сите мои пријатели, без разлика колку ми се блиски, затоа што мислам дека е редно. Ова е еден од најдолгите мои постови кои ќе ги напишам и најверојатно ќе биде највистинскиот. Секој поминува низ тешки моменти во одреден дел од својот живот. Животот не е лесен. Затоа ќе ви дадам мала тема за размислување: знаете ли дека најсилните луѓе всушност обично се најчувствителни? А знаете ли дека оние кои покажуваат најмногу грижа кон околните најчесто стануваат жртви на неправеден однос? А дека оние кои обично се грижат за останатите цело време, всушност имаат најголема потреба од тоа некој да се погрижи за нив? Можеби не знаете, но трите најтешки фрази за изговарање се "Те сакам.", "Жал ми е." и "Помогни ми.". Понекогаш е неопходно да погледнеш зад насмевката на некого кој само изгледа среќен, за да ја видиш болката која можеби ја доживува.
До сите мои пријатели кои минуваат низ тешка фаза во моментов: ајде да започнеме иницијатива за добри намери. Имаме потреба од такви. Ќе си дозволам да ве замолам да го копирате и објавите во свое име овој статус за барем еден час, за да ги поддржиме сите оние кои имаат проблеми во семејството, со здравјето или работата или воопшто какви и да се проблеми, за да им покажеме дека на некого му е грижа. Направете го тоа за сите, бидејќи никој не е имун на овие чувства. Се надевам дека ќе го видам тоа на ѕидовите на сите вас за морална поддршка. Знам дека некои од вас ќе го сторат тоа. Јас го направив за пријател и ти можеш исто. Не споделувај. Копирај и објавувај.