Анализа - Ултимативниот проект

Day 2,537, 16:41 Published in North Macedonia Portugal by HugoASB


Прва статија, Ден 2537.

Напомена пред да почните да читате - no hard feelings 😉

Како што знаете еМакедонија веќе 1 и пол - 2 години се мачи да опстане на картата на еСветот и да има конгрес. Факт е дека нашиот најголем противник Грција е далеку помоќен од нас, без разлика од кои фактори тоа е така.
Последниве две недели бевме сведоци на многу битки на Македонија и нашите сојузници против Грција каде што на крајот сите бевме поразени и резултатот беше ист. Грција беше/е победникот.


Колку и да се ослободуваме или отлетуваме на други делови од еСветот на крајот резултат секогаш е ист. Грција ќе најде начин да не избрише од картата и еМакедонија пак почнува од почеток.
Едноставно еМакедонија не е силата што беше порано на играва и ниту еден план/идеја нема да не ослободи од Грција.

ЗОШТО ?- бројот на македонските играчи на играва драстично отпадна; немаме стандарт и играчи за да меткаат пари на играва како што меткаат Грците; геоположбата на еМакедонија и ред други причини



СОЛУЦИЈА ?

Сите Македонци се придружиме на општестово на еЧиле.
Чиле е една од најорганизираните и најјаките држави на играва. Чиле отсекогаш ни бил најверен сојузник. Чиле има добра геоположба. Чиле има играчи кои меткаат РЛ пари на играва... итн

Едноставно ќе се споиме со Чиле и Чиле ќе стане уште помоќна држава. Ќе имаме нови цели и ќе се стремиме за нови успеси кои нема да бидат или звучат невозможно.



еМакедонија ќе стане ПТО држава ?? какви тоа патриоти сме ние ??

еМакедонија неможе да биде подолу од позицијата во која се наоѓа. Каква патриотштина ќе изигруваме во игра која е отидена у к***ц и каде што нашата земја се нарекува FYROM ?!?!

Нема да бидите ниту предавници ниту било што во оваа покварена игра.

Соочете се со фактите и играјте разумно. Повеќето од активните/јаките македонски играчи веќе се во еЧиле...


Ова е само едно мое мислење и ваше право е да коментирате што сакате и да одлучите што ќе правите понатаму.



Со почит,
n0t specifiED