Лаф муабет

Day 2,536, 05:43 Published in North Macedonia Switzerland by Dumbledore.

Поздрав еМакедонијо и еМакедонци каде и да сте низ светов !

Каква е таква е НАША СИ Е !



Седнав на еРепаблик денес како и секогаш да ве подружам малце. Така редовно буријкајќи во одделот на Општество и Економија, пиејќи го првото попладневно кафе решив да пишам една статија, чисто онака колку да се има нешто пишано. Не дека многу сакам да пишувам али ајТ веќе бидна, почнав...

Муабетот ми беше забележувам една многу невообичаена појава деновиве во еМакедонија, бројот на еЖители расте и бројот на новите играчи се зголему од ден на ден, сега не знам точно дали постарите умрени акаунти се реактивираат или тоа се нови играчи. Но како и да е, ова е нешто добро за нашата состојба.

Потоа на еГов пребарувајќи да видам колку инфлуенце правиме и активни борци и луѓе имаме повторно се зачудив, имаме забележителен раст на инфлуенсот, истот така треба да се земе во обзир дека голем број на Наши играчи се во странство, некои ги разбирам ради бонусите за фирмите но оние што немаат фирми што се ради реда таму е тие никако да ги разберам зошто? Но ајде не е мое да кажувам како некои од вас тука кој како да си го игра профилот.

Исто така морам да споменам дека мандатот на Vssa87 е еден од најдобрите и најактивните мандати у последниве неколку месеци. Секоја чест за него и неговата влада и сите луѓе што му помагаат, а и секоја чест на сите вас кои ги следите наредбите и пукате онаму каде што највеќе треба.

Како за крај погледнето ја сликава и толку од мене.
Ви благодарам на одвоеното време.
Со почит, Локерзи.