Кандидатура за Претседател

Day 2,386, 10:49 Published in North Macedonia North Macedonia by KingSlayer II

По долго време играње се решив да се кандидирам за Претседател на еМакедонија.
Сметам дека имам соберено доволно искуство, активен сум на играва , сум бил член во многу тимови така да знам како се работи.

Главна цел во мандатот освен зачувувањето на конгрес и териториите во Австралија ќе ми биде да освоиме нови региони со помош на AirStrike нормално во координација со сојузот.
Со новата промена што настанува утре ни се отвара можност конечно да имаме повеќе ресурси.

Исто така би сакал да продолжи донаторската акција што започна овој месец ,со цел да се соберат средства за да можеме да направиме АС

Ќе продолжи со работата и министерството за здравство и ќе има поделба за бебиња доколку сеуште постојат такви.

Тимот со сите помошници ќе биде преставен во наредна статија. До тогаш секое добро \o/

Пс: Доколку некој сака да помага слободно нека се јави , сите знаеме дека активноста преку лето е намалена 🙂


ivan.sk