Не знам шо наслов, небитно

Day 2,357, 19:33 Published in North Macedonia North Macedonia by tomibair
Одамна немам нешто напишано, па ноќта врнежлива е соодветна за то.. а и во депресија сум вчера кучето ми умре.


Овај пат ќе напишам нешто, ќе ви презентирам една вистинска приказна, која на времето ми ја кажуваже дедоми, ко мал.. но не сум обрнувал внимание, топката и дечката игра ми биле побитни за да регистрирам шо ми збора тој старец... но денес кога пораснав стварно многу ме замисли.

Во прва светска војна, кога територијата на Македонија беше газена од разни странски војски, тука дошла и бугарската. Затекнала сиромашно население, не многу различно на тоа таму, обични селани, кои чувале стока, кокошки, си ги работеле своите ниви.. па многу често кога некоја странска војска ќе дојдела по селата, земала добиток, јајца, и други потребни намирници, па така и бугарската. Фронтот во првата светска војна поминувал низ Битола , вујкому на дедоми којшто бил за викенд во Битола, заглавил во самиот град, пошто фронтот се поместил само неколку километри надвор од Битола помеѓу Битола и пелагониските села. Не можел да се врати всело доолги месеци, се додека фронтовата линија, и вештачка граница не се врати во првобитна состојба. Бил заглавен во градот скоро 4 месеци, па ко се вратил дома, донесол ранет бугарски војник кој бил оставен веднаш до селото, со тешка инфекција на ногата.. и покрај огромниот ризик.. Ранетиот војник седел во куќата во Српци скоро 1 месец, дури да се опорави. мислам дека се викал Богдан, не сум сигурен.. а прадедоми кој шо го донесол се викал Димо и по него сум Димовски, но тоа не е битно. Бугарскиот војник одлично го запознал селото,и целосно се опоравил.. и кога осетил дека има шанса за враќање кај своите трупи, се заблагодарил за прикажаната помош и заминал.

После првата светска војна, иди втората светска војна, а со неа повторно Бугарите. Првиот брачед на дедоми Боне, т.е. синот на Димо .. се викал Владо, кој иначе ни бил најинтелегентен, генијалец во нашата фамилија, шо дури и кога ја орал нивата на биоли читал книги.. тргнува впланина со партизаните, против Бугарите. Го нема долги години, и комуницира со фамилијата преку курири... Иначе заборајв да напоменам дека дедото на дедоми Боне бил во комитите, каде е предаен од домашни предавници, и како куче е убиен од турците во дворот пред целокупната фамилија.. но то не е битно то е само еден зачин во поуката шо сакам да ја изнесам во текстов.
- Кога Владо заминал во партизаните учествувал во скоро секоја битка, па и во фебруарскиот поход, дури и во СРБИЈА.. ЗА по некоја година, заедно со неколку други партизани се фатени токму од Бугарите, на ридовите накај Прилеп. Ги слекле голи, и ги врзале.. секогаш кога ќе паднеле во кома од болка и умор, ги буделе со кофи ладна вода.. ги мачеле толку многу, што бубрегот на дедоми Владо бил слезен неколку сантиметри надолу од ќотек, се само да кажи кај е сместена неговата единица, и уште побитно ОД КОЕ СЕЛО ИДИ, за ко ќе кажи селото и мештаните да бидат запалени живи , за пример. На тоа Владо не подклекнал!!
- Но за некоја божја среќа не ги убиле, туку ги натовариле во возот во БИТОЛА заедно со евреите за во Треблинка, или Аушвиц не сум сигурен. Биле товарени во вагони за стока со илјадници евреи како животни, а во вагоните имало само еден мал отвор, колку да земат воздух, еден по еден на пукнатината. Возот тргнал, и застанал на станицата во Велес, каде требало да преноќи и утрото тргал....

Покрај возот имало еден стражар.. постар бугарски војник....па кога Владо ја извадил главата да подиши.. стражарот почнал да си прави муабет со него. Нешто како почнал сам да се правда, дека не е негова вина шо е во Македонија, дека само следи наредби.. дека неќи да го прави тоа што го прави.. и почнал да го прашва дедоми Владо, кој тогаш имал 17 годии - дете.. од кај е. Овај видел дека чоечето е добро и му го кажал регионо ама не му го кажал селото. Тогаш бугарскиот војник, почнал да му раскажва за првата светска војна ко бил млад, како некој од Српци му го спасил животот ко бил ранет, и го прашва верувале или не, дали го познава Димо од Српци 😁) Владо му вели дека чоекот шо му поможе, е неговиот татко, а бугаро никако не му верва.. го прашува ситници.. за дворот, за Димо, за колку се во фамилијата, ситници за селото, за куќата, и Владо се му одговара... Бугарскиот стражар толку многу се возбудил, шо почнал да плачи.. па му рекол на Владо да појди на другиот крај на вагонот до вратата, и никако да не се мрда се до сабајле.. 4-5 сатот. Во меѓувреме по експрес воз кој одел вечерта до битола бугарот пушта свој чоек кој најбрзо оди српци, и му кажува на Димо , веднаш да замини Велес да си го земи синот. Овај фрла се, и иди Велес. Во 5 сабајле уште неразденато, бугаро ја отвора вратата за да го извади Владо од возот.. овај фаќа уште еден партизан шо беше со него.. и му вика или и тој ќе дојди или ни јас не излегвам, пошто двата ги вади бугарот.. Димо си го зема Владо и го враќа дома... Целиот бил со вошки, со искршени ребра, пробиен граден кош.. и по неколку месеци, заздравува и повторно се враќа во Партизаните, каде преку курир, по некое време пушта друг ранет партизан во нашата куќа. По неколку дена од домашните наравно македонски предавници.. во нашиот двор идат 5 германски војници на коњи, и ги тераат сите од куќата да излезат. Ги имале имињата и презимињата на сите во куќата. Излегле сите, а пред да излези партизанот, Димо му вика да клај кошница на глава и полека да се движи зад куќата.. а ако го прашат кој е , да речи дека е Владо, неговит син, којшто веќе бил со партизаните, и така се спасиле... Подоцна Владо завршва факултет, се преселва САРАЕВО, и постанва врховен судија на Босна и Херцеговина,ии главен на судот така нешто неззнам шо .. но ќеркаму умира мала, и тоа психички, го турка, и оневозможува да постани ДРЖАВЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ НА ЈУГОСЛАВИЈА!.. подоцна се преселва со женаму во Дубровник, кај шо умира млад од сите тие страдања низ животот... па така ова лето мислам да одам кај бабами во ДУБРОВНИК, а то ми текна сега дур го пишам ова 😁)

Но да бидиме сериозни......

Која е таја случајност кажетеми??? колкав е тој процент.. да истиот човек од првата светска војна, се најди на тоа одредено место во тоа време, и баш тогаш Владо дедоми да ја извај глата пред него од илјадниците во вагонот??? Но не ми е муабетот случајноста иако е БОЖЕНСТВЕНО ДЕЛО .. муабетот ми е ПРИНЦИПОТ кој го носеле тогашните МАКЕДОНЦИ. Тоа страдање, тоа патешествие, тие маки, тие Идеали...а биле толку сиромашни.. многу посиромашни од ние денес... не дека немало предавници кои имале бенефициии од бугарите, а порано од турците. не дека немало безкичмењаци тие потурчени торбеши, пробугарчени татари..кои оделе на линија на послаб отпор за некој денар плус ситно богатство... но грото, она нашето исконското нашите предци, гинеле, за ИДЕАЛОТ, и успеале да опстанат. и еве сега сме ние тука...

Зошто го пишам ова. Бев на село каде ми се закопани сите овие мои предци, комити, партизани.. сите умрени млади, некои загинати во војната.. седам безнадежен.. во ова држава.. и ги читам избледените имиња, над старите чолави надгробни камења...ДИМОВСКИ.. .... си дува ветерче онакво селско, и е многуу тифко.. мириса на свеќа.. и ........................... во еден момент ми текнува на мојата помисла дека треба да одам во бугарскиот конзулат, амбасада и та тетката шо е таму, ко ќе ме праша.. ти бе момче шо си??? и ко ќе му речам МАКЕДОНЕЦ.. ќе ги подизвај тие наочарите не скрос... така до пола и ќе ми упати поглед.. се дур не повторам пак ААА НЕЕ!! БУГАР СУМ!!.. за момент та мисла ми пролетва, додека стојам над нивните гробови, и мислата за сите мој другари Бугари пишани,.. на политиката.. која не успеала со нож и пушка да не претопи а денес, самите чеками редици, сами да му ја дајме ГОРДОСТА... И така ми се пробуди нешто, она неопишливо, кога дувна поќе ветар, и донесе мирис на расцутени јорговани и трева свежо косена.. знајте онај препознатлив селски мирис, шо ќе го вдишиш и знајш дека ова е твојта земја.. мирисот на твојта земја, селски исконски ... делува ретардирано за да ме свати некој.... ама тој мирис ме предомисли од мојата намера, да му го дам најсветото на асимилаторите... Сега знам дека скоро сите си имате поднесено, и поќе од пола имате бг пасоши.. и ќе филозофирате како НАЦИОНАЛИЗМОТ и ПАТРИОТИЗМОТ не ти го полни мео, и е одлика на простите луѓе ( ВРХОВНИ ПРАВОБРАНИТЕЛИ НА ЗЕМЈА ОД 25 МИЛИОНИ) но ќе ми биди ќеф ако со напишаново бар 1 Македонец вратам од намерата да се пробугарчи!!