Кандидатура за конгресмен

Day 2,311, 03:01 Published in North Macedonia North Macedonia by MACEDONP4

Здраво на сите.
Како што знаете после подолго време ќе обезбедиме конгрес и јас би сакал да бидам дел од него, па на тоа се должи и мојата кандидатура преку здружението TMORO-VEP.

До сега сум немал можност да бидам конгресмен, па еве прилика се разбира доколу ме поддржи пред се раководството на TMORO-VEP, за потоа и вие - еГраѓаните на еМакедонија.
Како мое досегашно политичко и дипломатско работење би го навел следново:
- еАмбасадор на еМакедонија во еГерманија
- Портпарол на здружението преку кое се кандидарам за конгресмен TMORO-VEP
- исто така би можел да наведам дека бев и во делот од тимот на ORIGINAL MKD на неговата кандидатура за председател на еМакедонија

За да бидеш конгресмен пред се треба да имаш слободно време за да се посветиш на таа работа, а овај месец јас го имам тоа слободно време.
Доколу ме поддржи раководството на здружението преку кое се кандидатирав за конгресмен, а потоа ме поддржат и еГраѓаните на еМакедонија јас би се залагал за следниве цели.
- Пред се ЧЕСНО работење
- Бранење на интересите на еМакедонската држава
- Почитување и спроведување на наредбите на председателот на еМакедонија
- Предлагање закони кои би ми биле предложени од еМакедонската јавност (се разбира доколку тие закони би биле пред се прифатени од целата еМакедонска јавност и не ги загрозува интересите на еМакедонија)
- Почитување и спроведување на наредбите и интересите на здружението TMORO-VEP
од кое што се и кандидирам за конгресмен

Доколу бидам избран за конгресмен бидејќи ќе ми биде прв пат, за нејасни ситуации секако би се консултирал со поискусните конгресмени без разлика на која политичка партија припаѓаат и се разбира со властите на еМакедонија.

Ви благодарам на вниманието

MACEDONP4
_________________