Тешко нас

Day 2,016, 07:01 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

Не помина долго од почетокот на флертот на ЕДЕН со Полска и Србија. Тоа заврши со замена на НаП-от со МПП помеѓу Србија и Романија. Тука почна се. Во меѓувреме, Америка влезе во КоТ и ги доизмеша работите. Од една страна, добро е шо ја имаме Америка на наша страна, бидејќи со TWO не можеме да сме докрај заедно заради Полска и Словенија кои ги користат нивните поволни локации и слаби комшии за да се шират. Во КоТ влегоа и некои други екс-ТЕДЕН земји и се увиде дека ќе има тектонски разместувања во сојузите, а и на картата.

Кај сме ние во сево ова?
Ние и Бугарите излеговме најзаебани во ситуацијава бидејќи останавме сами против Грција, Турција и Романија па и Иран. Унгарците го пренасочија фронтот кон Украина, Србите пукаа против Бугарија за Романија, нашите сојузници си имаат свои војни, само Бразил можеше малку повеќе да помогне. Капаче на се е глупата војна на Америка против Србија. Како и во РЖ, Америте секогаш имаат глупи изговори за да почнат војна, ама играва не е РЖ и овде ќе изгубат! Наместо да се фокусираат да ни помогнат нас, на Чиле и на Перу, тие си играат играчки кои одат на директна штета на нивен сојузник, во случајов ние. Можеби и Србите не се идеални, ама секако се подобри од Америте! Ним ако им беше толку важна Швајцарија, ќе ја стропскаа Словенија пред да удрат на Србија, ама Словенија без реална сила некако си се провлекува во играва цело време со дипломатија.

Полска
Полска е најпроклетата, најрасипаната и најплашливата нација во играва! Тие си имаат МПП со цел TWO и со скоро цел КоТ! Немаат муда да влезат во директна војна со некој силен противник дека не можат! Пробаа против Турција - не успеаја. Тие се држат цврсто до Србија, ама не ги припуштаат ни Шпанија, Бразил па и Чиле! Кокетираат одвреме-навреме и со Грција, стигнаа дури и до МПП! Зошто? За наш инает и можеби дека се плашат од некои грчки единици да не се распукаат некаде во Холандија, па Полска да изгуби регион. Тоа никако!

Кај оди играва?
Јасно е ко ден дека Плато се меша за да направи вештачка рамнотежа, дури мести и битки, пред неколку дена мојата штета за Чиле ја префрли за Аргентина! Како тргнало сево ова, очигледно е приближувањето на TWO и EDEN, останува уште еден проблем - Хрватска. Сите од околу работат на тоа за да владеат со е-светот, ама тешко ќе оди. Ние, Србите и Бугарите не сфативме навреме дека Романија и Америка се само тројански коњи во целава ситуација и ќе ги сносиме последиците. Последици ќе трпи и Планктонот дека ќе нема повеќе епски празнења на картички, па нека му ја мисли! Тоа што си дробел, тоа нека срка сега. Силата се фокусира на другата страна, ние треба добро да си ги преиспитаме потезите внатре во КоТ за да утврдиме што не доведе до ова дереџе.


Тешко нас [Nick Slaughter MK]
http://www.erepublik.com/en/article/-1-2268267/1/20