Време е за обединување!

Day 2,013, 05:46 Published in North Macedonia North Macedonia by BugsMoney

Да не ве збуни насловот нема да пишувам за Македонската армија бидејќи во тој поглед веќе се обединивме и тоа ме радува многу. Во оваа статија ќе ја информирам пошироката јавност за едно ново обединување помеѓу членовите на Републиканската Партија и на еВМРО-ДПМНЕ во нова партија која се нарекува Внатрешно Македонско Републиканско Обединување - ВМРО.
http://www.erepublik.com/en/party/v-m-r-o-3563/1

Идеата од поодамна беше за спојување на двете партии кои уште од нивното постоење соработувале меѓусебно и си помагале. Во почетокот само мал дел од двете партии се двоумеа пред се поради намалувањето на бројот на конгресменски места со кои би располагале како бројка меѓутоа целта на ова обединување не е за зголемување на бројот на конгресменски места туку за зголемување на бројот на квалитетен кадар во рамките на една партија, на луѓе со исти цели, принципи и ставови, чиј приоритет не е функцијата, златото и медалите. Се обединуваме бидејќи иако како посебни партии делувавме досега силно како што вели старата изрека ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ!

Ги повикувам сите Републиканци кои сеуште не се префрлиле во нашата новоформирана обединета партија да се префрлат тука http://www.erepublik.com/en/party/v-m-r-o-3563/1 и ги поканувам сите еМакедонци кои сакаат да бидат дел од нашето обединување и да допринесат кон подобрување на политичката слика во нашата едржава да ни се приклучат.

За сите Републиканци еве една статија од формирањето на партијата напишана од еден од основачите кој за жал веќе одамна е неактивен на играва
http://www.erepublik.com/en/article/-demigod-mk-1-1950807/1/20

Републиканската Партија својата цел како партија ја постигна и успеа со своето делување да направи промени во функционирањето како на конгресот така и на владите. Откако ја постигна својата цел партија стагнираше и почнаа некако погрешни луѓе да доаѓаат на функцијата претседател на партија и со тоа да ја дестабилизираат партијата која долго време хармонично фунционираше како една целина иако беше првенствено формирана како сојуз помеѓу повеќе единици во кои се вбројуваа Панзер, СС(Silver Shields), Предатори, Тигри и др. за потоа да се вклучат и цивили и членови од други единици и Републиканската Партија да стане една од најбројните и најмоќните партии на политичката сцена во еМакедонија и сериозно да придонесува за доброто на еМакедонија. Истото тоа се планира да се постигне и со ова обединување во кои исто така ги поканувам и помалите политички партии да се вклучат и да дадат свој придонес.

Време е за обединување!
Биди и ти дел од ВМРО!