Идеја за освојување на рудникот

Day 1,949, 06:09 Published in North Macedonia Pakistan by Light Angel

Прочитав за новите измени ама никаде за некаков план во врска со нив, а мислам дека би требало да го имаме зошто многу добро би ни дошло тоа богатство , како на нас поединечно , така и на државата наша.
Затоа и ја пишувам статијата се со цел да се развие некоја дискусија бидејќи времето е кратко за некакво дејствување.
Така,според мене имаме неколку опции.
Прво,што би било корисно за нас играчите како поединци е масовно да ја напуштиме Македонија и да се преселиме на контитент каде што конкуренцијата за освојување е ужасна ( тоа би биле Африка или Автралија и Океанија) и така заедно во договор со таа држава (пр.Нов Зеланд- или Индонезија-ако припаѓа таму , бидејќи се наши сојузници) заедно да го добиеме тој рудник.Со ова таа држава многу би ги зголемила шансите да го освои , да го држи под контрола , а воедно и да размилсува со AIR STRIKE да оди кон освојување на друг рудник.
Во овој случај со добар меѓу-државен договор може и банката на е-Македонија да добие преку префрлање на одреден процент од златото кое е-Индонезија( би претпоставил дека со неа би склучиле договор) би го добила од тој рудник.
Втора опција , државата да ги финансира сите играчи со цел да пукаат што е можно повеќе во тој период ( се разбира со добра математика претходно направена) и на тој начин да се надеваме дека ќе успееме да бидеме пред некоја од најсилните држави во европа и е-светот,ги знаеме кои се.
Трета опција, во соработка со Бугарија бидејќи сме најдобри пријатели со нив и секогаш безрезервно си помагаме да се одлучи која држава ќе се впушти по борба за рудникот во Европа и така заеднички ( претходно преселени и со државјанство од истата - добиено) да се бориме за него.Нешто слично на првата меѓутоа потешки противници.
Четврта опција и последна и недосадвам повеќе 🙂 е да собираме средства и да чекаме, со што е можно поголемо штедење и преку AIR-STRIKE да нападнеме некоја од државите која ќе го освои тој рудник.
Тоа е тоа , на кратко, пишувајте и удирајте shout нека читаат и нека се даваат идеи.