Се откажувам од кандидатурата за претседател

Day 1,926, 06:45 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
Драги браќа и сестри Македонци ви благодарам за подршката и честа која ми ја дадовте кога пред некој ден објавив дека планирам да станам претседател на нашата сакана еМакедонија, до предеден час знаев дека ќе имам време да одговорам на одговорноста која ја носи местото претседател ( се разбира доколку ме изберевте )

Но пред еден час добив телефонски повик и ми беше презакажана операцијата од Март за Април, така што овој месец нема да можам да бидам претседател како Буце на пример. ( овој месец се кандидирав за претседател бидејки за 2Март ми беше закажана операцијата и цел месец ќе бев во кревет така што ќе бев активен цело време и ќе можев да ја оправдам важата доверба - пак ќекажам доколку бев избран од ваша страна )

Се извинувам на сите вас, што вака испадна работата со мојата кандидатура и се надевам дека претседателот од другите кандидати, кого ќе го изберете ќе ви пружи шанса и чест на сите вас кои сакате да допринесете за нашата сакана еМакедонија и дека ќе се спроведат некои од вашите идеи кои ми ги пративте и кои ќе ги објавам во мојата следна статија.

На сите ви посакувам се најдобро и длабоко ви се извинувам поради ситуацијата која не зависеше од мене. Секому кому му треба помош ( особено послабите играчи )нека ми пише и ќе добие моја помош и исто така ќе пробам да создадам фонд во кој појаките играчи 9 оние кои сакаат ) ќе го одвојуваме вишокот на леб и тенкови - кои ќе бидат донирани секојдневно на послабите играчи со цел нивно зајакнување и со самото тоа појака еМакедонија.

Ве сака и почитува вашиот
Персеј Македонски

Извинете уште еднаш