НЕПОБЕДЕНИ

Day 1,871, 14:57 Published in North Macedonia North Macedonia by D S D

Непобедени, кои сте вие? Од каде дојдовте?

Ние сме Македонци. Дојдовме од Македонија.

Непобедени, што стана со вашата Татковина?

Србија, Грција и Бугарија во 1913 година ја распарчија.

Непобедени, што ви направија лажните ослободители?

Тројно го распарчија националното тело на Македонија.

Го запалија и забранија македонското национално заме.

Како волци го задавија македонскиот јазик.

Србија го заграби Вардарскиот дел и ја воведе српштината.

Бугарија го заграби Пиринскиот дел и ја започна бугарштината.

Грција го заграби Егејскиот дел и ја започна грчката диктатура.

Започна насилното тројно национално прекрстување на Македонците.

Македонските училишта насилно ги затворија, свои насилно отворија.

Македонските попови ги затворија-убија, свои попови донесоа.

Македонската историја ни ја одзедоа-запалија, својата ни ја дадоа.

Се` што беше македонско насилно го избришаа, како свое го напишаа.

Постанавме тројни робови во сопствената македонска Татковина.

Насилно во три училишта учевме, туѓи јазици и истории учевме.

Во три војски служевме, во три туѓи Татковини се колневме.

Непобедени, што се случи со македонските патриоти?

Беа затворани, мачени, убивани, а многу насилно избркани од Македонија.

Непобедени, со какви патни исправи патувавте?

Патувавме и уште патуваме со туѓи пасоши немакедонски.

Непобедени, колку ве има и каде заминавте?

Не` има многу, заминавме по сите меридијани на светот.

Непобедени, Македонците што постигнаа во далечна Австралија?

Македонците постанаа вистински градители на македонските цркви.

Отворија свои македонски училишта за нивните македонски деца.

Формираа К. У. Друштва за меѓународни културни натпревари.

Македонското радио, на неприателите им ја кажуваше историјата.

Македонските весници, постанаа огледало на Македонската Нација.

Македонските новинари, постанаа бранители на националниот идентитет.

Македонските фудбалери играа под името на Татковината.

Македонските општини, беа вистински бранители на Македонизмот.

Македонците пред светот се изјаснуваа и афирмираа како Македонци.

Македонското знаме, лавот и сонцето се вееја по сите меридијани.

Македонците се бореа за ослободување и обединување на Македонија.

Македонците достоинствено се спротивставуваа на антимакедонските лаги.

Македонците, непобедливо го бранеа својот македонски национален идентитет.

Непобедени, кој најмногу се плашеше од македонското име?

Македонското име беше најсилниот отров што мораше да го јадат непријателите.

Непобедени, што треба да направиме за нашата Татковина?

Должни сме да го фрлиме тројното балканско ропство срам.

Непобедени, која е вашата македонска национална парола?

Создавање на слободна обединета македонска држава.

Непобедени, кој е вашиот вистински национален учител и лидер?

Со Гоце и по Гоце! За целосно реализирање на илинденскиот идеал.

Непобедени, дали ги знаете границите на целокупна Македонија?

Запамтете, се ближи денот македонските граници да ги чуваат Македонците.

Нашите деца во најбрзо време ќе бидат најсилната македонска војска.

Непобедени, дали вашите деца ја учат вистината за вашата Татковина?

Нашите деца ја пишуваат вистинската историја за Македонија.

Младите историчари ги отфрлаат балканските фалсификати и пропаганди.

Македонската историја е нашата национална учителка за Македонија.

Непобедени, што им порачувате на вашите тројни окупатри на Македонија?

Македонија и македонското име, никогаш нема да загине!

Окупаторите во најбрзо време насилно ќе бидат протерани од Македонија.

Животот го даваме, Татковината, Името и Нацијата не ја предаваме!

Македонија никогаш не може да биде голема Србија, Грција или Бугарија.

Македонија за брзо време ќе биде силна национална држава на Македонците.

Македонија ќе го поврати своето национално достоинство што го имаше порано.

Македонија ќе биде држава со достоинство во очите на државите во светот.

Македонија ќе прерасне во економска, политичка и национална сила на Балканот.

Непобедени, алал да ви биде мајциното македонско млеко што сте го цицале.

Вашите идеали се историска должност, стварност и реалност во македонската држава.