Сите дела на Марио Балотели!

Day 1,820, 12:04 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka

Напаѓачот на Италија и на Манчестер Сити, Марио Балотели поседува голем талент, тоа не е спорно, но проблематичното однесување го оневозможува да го покаже својот полн потенцијал. Уште како играч на Интер, Балотели стекна статус на играч кој сака распуштен живот.

Балотели со своите постапки и однесување често се наоѓа на насловните страници во светските списанија и таблоиди. По трансферот во Сити, проблемите продолжија и во Англија, но и во репрезентацијата на Италија.

Ви го претставувам ликот и делото на Марио Балотели:

- Автомобилите кои ги поседува му биле запленет 27 пати.

- Платил преку 15.000 евра за казни за паркирање.

- Казнет е со 300.000 фунти поради гаѓање на младински играч на Сити со стрелки за пикадо.

- Освоил 25.000 фунти во казино, а потоа поклонил 1.000 на проститутка пред казиното.

- Фрлал домати по менаџер од Серија А.

- Фрлал балони со вода за време на сослушување од дисциплинската комисија на Серија А.

- Започнал тепачка пред ноќен клуб со четири лица од обезбедувањето.

- Нарачал Ауди R8 од 120.000 фунти, седум дена подоцна го ставил на продажба.

- Мајка му го пратила по основни намирници за куќата, тој се вратил со скутер.

- Започнал тепачки со Компани, Боатенг, Тевез и Ричардс.

- Во периодот кога играл за Интер, често ги посетувал фан продавниците на Милан.

- Потоа се појавил со дрес од Милан со неговото презиме испечатено.

- Кога настапувал за Италија до 21, по еден прекршок седел на тревата 5-6 минути игнорирајќи ги двата тима и судијата.

- Секогаш кога има можност, ги провоцира противничките играчи и се радува кај трибината со противнички навивачи.

- Кога полицијата во Англија го запрела и го запрашале зошто носи 25.000 фунти во кеш на совозачкото седиште, тој им рекол "Носам затоа што можам".

- И раскинал на девојката додека таа имала емисија во живо на ТВ.

- Ја изневерил девојката со италијанска манекенка додека таа била на првиот спрат од куќата.

- Во два наврати имаше проблем со облекувањето на маркер на тренинг, па помош добиваше од неговите соиграчи.

- Отиде во женски затвор за да види што има внатре.

- Поврзуван е со италијанската мафија, има и сведочено на суд.

- Играл игри на својот iPod додека седел на клупата на натпреварот Италија - Фарските Острови. Рекол дека му било многу досадно.

- Стана заштитно лице на противпожарна компанија само ден откако ја запали куќата по огнометот направен од бањата.

- Делел банкноти од 50 фунти кога бил на шопинг.

- Пред Божиќ минатата година облечен како Дедо Мраз фрлал пари од своето Масерати.

- И пеел "Руни, Руни, Руни" на проститутка која тврди дека спиела со напаѓачот на Јунајтед.

- Кога стигнала новата гарнитура на дресови за Италија, тој истрчал со стар дрес објаснувајќи дека тој му се допаѓа повеќе.

- Го претворил својот двор во патека за екстремни спортови.

- Го прашал архитектот што е тоа библиотека кога тој ја уредувал неговата куќа.

За крај Мурињо ја раскажа прочуената случка од полувремето од натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Рубин Казан.

"Би можел да напишам книга од 200 страни за Марио. Гостувавме со Интер во Казан на меч со Рубин и имавме само еден напаѓач во екипата. Само Балотели. Доби жолт картон во 43 минута и на паузата од 15 минути, 14 минути зборував со него за да пази да не добие уште еден картон. Започна второто полувреме, Балотели доби црвен после неколку минути игра."- рече Специјалниот за Балотели.