Можеби ке ви послужи оваа СТАТИЈА!

Day 1,807, 11:44 Published in North Macedonia North Macedonia by krembananka
Што да направите кога ке ја полиете вашата ТАСТАТУРА!?

Последиците можат да бидат големи, бидејќи покрај тоа што ќе се расипе компјутерот, можете да останете и без драгоцените податоци.

Тастатурата на компјутерот е многу чувствителна, особено на вода, прашина и ладно. Во случај да полиете течност на лаптопот или компјутерската тастатура, последиците можат да бидат големи. Еве што треба да направите:

Ако полиете кафе или вода немојте да го бришете компјутерот, туку што побрзо исклучете го од струја. Ако се гаси полека, притиснете го копчето за исклучување, превртете го лаптопот и извадете ја батеријата.

Додека го превртувате, внимавајте течноста од тастатурата да не дојде до екранот. Почекајте се да истече, превртете го комјутерот на различни страни да проверите дали има уште течност.

Кога ќе истече се, пребришете ја тастатурата со памучна крпа. Ако мислите дека останала уште некоја капка, можете да го исушите со фен за коса, така што ќе го наместите на топло и ќе го држите на 20 см подалеку од компјутерот. Водете сметка воздухот да не оди во мониторот, туку само на тастатурата.

Би било добро да почекате неколку часа пред да го вклучите комјутерот. Доколку течноста која сте ја истуриле содржи шеќер, постои можност тастатурата да не работи добро како претходно, па затоа е најдобро да го однесете на сервис каде ќе биде длабински исчистен.

Шаутни и Субни ако барем еднаш во животот си истурил нешто на твојата ТАСТАТУРА 🙂