Рекетарска еМакедонија

Day 1,763, 15:51 Published in North Macedonia North Macedonia by Nick Slaughter MK

Шчо напраифме?

Во кратки црти - се посравме.

Државната армија е веќе во функција, за таа цел се зголеми персоналниот данок од доход (данокот на плати) од 1% на 6%. Арно ама, на господата финансиски советници на прецедникот им се виде малку, па ајде нова мерка - данокот на оружје се врати од 2% на 5%, без простор за дебата. Истите конгресмени на кои им понудив дебата кога го предложив законот за намалување на данокот со цел намалување на загубите на двикликашите и останатите кои не пресметале дека не се исплаќа да се работат оружарите од q1 до q4, сега го изгласаа истиот закон, ама обратно.

Зошто рекетарска Македонија? Па нели ќе се правеше државна армија од сите единици кои сакаат да бидат дел од таа државна армија!? Е не бидна тоа, се направи државна армија која единствено ќе добива рефунд од државата, а другите МУ кој ги е*е. А даноците за сите нас се повишени, ама само оние кои одлучиле да се приклучат на државната армија ќе добиваат државни тенкови. Рекет бе, рекет.

За последиците не сакам ни да помислам, некои МУ ќе учат платенички занает како експертите од DSW, некои МУ ќе се распаднат, некои ќе кубурат во сиромаштија дури нивните членови не пребегаат во државната армија или не се откажат од играва.

Ако стигне статијава во топ 5 и ако се покажат некои мои сомнежи како вистинити, ќе објавам дел од муабетите со другите конгресмени + цп-то. Не ме интересираат последиците, секако мојата политичка кариера завршyва за некој ден.