Кандидатура за претседател на МНФ

Day 1,666, 14:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan Almighty



Оваа статија нема да биде нешто многу долга и има за цел да го информира членството за мојата кандидатура за претседател на МНФ.

За сите оние кои не ме знаат моето еПатешествие е почнато пред година ипол, и за тоа време имам стекнато големо искуство во играта кое се надевам ќе ми дадете можност да го применам во оваа партија.

На почетокот на моето играње бев поканет од страна на Vasil Cakalarov (тогашниот претседател на МНФ) да се приклучам кон неговата партија и бев дел од раководството на партијата. По неговото заминување, партијата беше водена од Makedonija do Indija, кога исто така бев дел од раководството, дел од комисијата за информирање која беше воведена од Makedonija do Indija, како и дел од комисијата за избор на кандидати за конгресмени и кандидати за претседател на еМакедонија.
Под водство на Makedonija do Indija, МНФ стигна до својата прва победа на претседателските избори и јас заедно со другите членови од партијата бев дел од владата на Makedonija do Indija како Министер за Образование. По неуспешниот крај на тој мандат, полека но сигурно се оддалечував како од политичкиот еЖивот во еМакедонија, така и од самата игра. Се до пред 2 месеци бев 2 клик играч, но сега решив повторно активно да се вратам и со сите сили да помогнам да ја вратам МНФ во старото светло.
Инаку во мојата еПолитичка кариера освен Министер за Образование во владата на Makedonija do Indija, бев заменик Министер за Образование, кандидат за Министер за Образование на овие избори од страна на Nikola Gruevski Makedonec и rolerpro, член на раководството на МНФ, член на Комисијата за информирање на МНФ, член на комисијата за избирање кандидати за конгресмен и кандидати за претседател на еДржавата, како и член на конгресот.

Доколку ја добијам вашата поддршка, прва цел ќе ми биде да се реафирмира МНФ како политичка опција која постоела, постои и ќе постои во еМакедонија, а за таа цел планирам да го зголемам членството на партијата, како и да го реактивирам стариот систем кој го имаше партијата, а тоа е активирање на раководство на партијата, активирање на комисиите кои ќе пишуваат статии од својата област, како и можност секој член да го покаже она за кое смета дека би било од корист за паријата.
Секој кој сака, може и е спремен, може да биде дел од раководството и активно да учествува во водење на МНФ.

Се надевам дека на денот на изборите ќе ми ај дадете својата поддршка и ќе ми овозможите да ја доведам МНФ на вистинскиот пат.