БАЛКАН - Каде секој може да ти биде и душман и брат
Persej Makedonski
http://www.youtube.com/watch?v=4HtFuyiRgiI
http://www.youtube.com/watch?v=CNfVHsP_p4k
Каде невработените најмногу работат, каде на најплодната земја живеат луѓе кои најмногу гладуваат. Каде возовите доцнат. Каде сите играат фудбал, а победуваат во кошарка, ракомет, ватерполо или одбојка. Сите брзаат на работа, а никој не стигнува точно на време. Каде осумчасовното работно време трае дванаесет часови. Каде здравството е бесплатно, а лекувањето прескапо.
Каде новинарите се слободни да го напишат она што ќе им наредат. Каде јавните набавки се тајни, а државните тајни јавни. Каде војните никогаш не завршуваат. Каде историјата секојдневно се повторува. Каде најбогатите се оние кои никогаш не работеле. Каде луѓето слават слава, а пцујат по Бога.
Каде паметните заради неразбирање ги прогласуваат за лудаци, а лудаците за способни. Каде неписмените ја пишуваат историјата. Каде законите се незаконити, а анархијата нормална состојба. Каде се живее од иднината, бидејќи на сегашноста немаме право. Каде секој на секого се смешка, а никој на никого не посакува добро. Каде судските постапки траат предолго. Каде се почитуваат диктаторите, а за демократијата се мисли дека е данок за будалите. Каде мислат дека земјата ќе напредува ако повеќе назадува.
Па ти преживеј, ако си нормален. Среќа за државата е ако таквите ги има што помалку. Нормалните секако никому не му се потребни. А и самиот живот е најголем парадокс: живееме само за да умреме, ќе речат оние кои мислат дека времето е бесконечно, а власта бесмртна.
Ах, тој чуден Балкан...
Comments
Втор пат е пејстиран текстов у статија...доста веќе.
и прФ !!
И 100-ти пат да се постира, не е лошо да се постира бе брат
За жал вистина е тоа што е напишано
MeGusta
copy paste od... 🙂
Вистина е,али тоа не мора да значи дека сеа треба секоја 2ра статија да го содржи.
о/
o7
Од ФБ од зид на пријател го прочитав и го ставив во статија бидејки за жал е скоро 100% точно
Да не го е постирал на ФБ мојот пријател никогаш немаше да го прочитам
Davorsk8 никој не ти брани да си имаш свое мислење, така да
жива вистина!
За жал тоа е точно. Но ние не живееме за да умреме, ние сме створени за да му служиме на Бог. А луѓето така избрале да живеат за да умрат.
http://www.erepublik.com/en/article/77-000--1955187/1/20
Голем смех- http://www.youtube.com/watch?v=NwTne3FsK-c
Овой такви изеви цел свет ви се смее
Ай до послем
http://www.btv.bg/shows/btv-reporterite/videos/video/2053249354-bTV_Reporterite_MAkedoniya.html
http://www.erepublik.com/en/article/77-000--1955187/1/20
Голем смех- http://www.youtube.com/watch?v=NwTne3FsK-c
Овой такви изеви цел свет ви се смее
Ай до послем
татар иди моли се на апсарух бе хахаха