ДОСТА ТЕ БЕ ВЕЌЕ!!! МОРАТОРИУМ НА ГЛУПОСТИ ВЕДНАШ!!!!

Day 1,518, 04:47 Published in North Macedonia North Macedonia by kostantin kapidanot

Долго време не сум присутен во играва повеќе од исполнување на мисијата за базука и бомбонче и да сработам по тоа шталите (ама никако не се дваклика, најмалку 15-50 се) ама тоа било се од мене можеби 5-6 месеци. Веројатно нема ни да одам повеќе од тоа, ама овие два дена не ми се верува што гледам.
Целосен распад по сите шавови. Ова нема никаква логика... што сторивме бе луѓе?!
Се сеќавам на вакви времиња порано, ама вака не било никогаш. Нема да солам памет, нема да кажувам волшебни решенија, ниту тактики и стратегии, ама ќе кажам под итно мораториум на глупости да се прогласи во Окупирана Македонија.
Во овие моменти најважно е да се ослободиме. Најважно е да застанеме на нозе и затоа никој не смее да се обесхрабрува, туку да се собереме зад некој план што изгледа функционален и да ја извлечеме земјата од окупација барем во оригиналните региони.
Потоа да се ресетираме и да видиме што била грешката, кој заслужил почит, кој е лопов, што направил Плато, да ја ревидираме релацијата со ОНЕ, да размислиме за алијанса со Бугарија итн итн итн, ама тоа... кога ќе не има пак на картата.
За да се оствари ова под итно мораториум на глупости... за Јуне гледам и така импичмент ќе има... нека се соберат 15 луѓе во кризен штаб нека смислат сценарио и за три дена да сме надвор од оваа ситуација. После тоа... епа после тоа ресет и што сакате прајте...

ајт сега на работа...