[МЗО]Објаснување на моменталните случувања!

Day 1,484, 05:54 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Odbrana

Здраво Македонијо,

Ова е моја втора статија како МоД во која ќе се обидам да ги објаснам случувањата во еМакедонија и пошироко:


Прва и воедно најважна работа е мирот се грција:

Договорот треба да се се склучи денес а во него се наоѓаат следниве услови:

Македонија си ги задржува своите реални региони (Источна, Западна, Повардарие)!
Грција си ги задржува своите реални региони!

Ние ги држиме Кипар, Египет и Саудиска Арабија додека ни требаат!
Грција ги зима само 2та преостанати региони во Египет што на нас не ни се од корист!

Во договорот исто така ќе стои дека ова е само привремен мир, односно до 5ти Јануари и ќе има +2 дена мир за идните претседатели да се договорат дали ќе го продолжат овој мир или не.

Истотака ако се склучи овој мир, во официјалната статија они нема да не наречат ко фиром, ниту пак ние ко грција.. Пример: Државата која ја претставува претседателот Душко Аврамовски, или државата која ја претставува грчкиот претседател..

Мислам дека со овој договор се задоволени и двете страни, па очекувам и од вас коментар дали и вие се согласувате со истиот договор!


Втора, истотака важна работа: ПАТОТ КОН ИНДИЈА!


Планот кон тргање кон Индија е во крајна фаза, односно се коваат последните подготовки за да се реализира! Планот ќе го реализираме на следниов начин:

Пакистан ќе стави НЕ на Иран и ќе го нападне Sistan and Baloschan, па потоа ќе го нападне Hormozgan и за крај ќе го нападне и Eastern Province! Ние ќе пуштиме НЕ на Пакистан, и преку тие 3 региони ќе стигнеме до Balochistan. Потоа ќе следува напад во Sindh (Регион на Кина), кое ние МОРА да го добиеме за да ни се овозможи патот кон Индија. Потоа се шириме таму, и го префрламе главниот град.

Планот навидум не изгледа лесен, но е изводлив!

Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на Иран и на Пакистан за нивната подршка и за нивната соработка!


Трета и последна работа: Турција

Со Турците имавме братски односи уште од почетокот на нашиот мандат. Се се одвиваше супер, разговаравме, се смеевме и се беше океј. Во еден момент турскиот МоФА ни го објави нивниот план, кој јас не сакам да го споменувам во јавност. Навидум се изгледаше супер, они го имаа Al Jawr, а воедно и пуштија востание во Табук! Нас тој регион ни беше од важно значење, со што ја го контактирав нивниот МоФА, кој несебично рече тој регион не им треба, и дека можеме да го земеме.. Потоа они ни поставија услов, да го ослободиме Кипар, услов на кој нашиот тим се согласи, но им рековме дека ќе мора да почекаат неколку дена,(Бидејќи ни требаше рибата од Кипар) за да ние го завршиме нашиот план, односно патот кон Индија! Нивниот МоФА се заблагодари и завршивме со разговорот..

Истотака, праевме се што е во наша моќ за да ги внесеме во ОНЕ, но ги знаете нивните конфликти што ги имаа со веќе членките на ОНЕ (Србија и Шпанија) по што тој наш напор беше залуден..

На крај, очигледно им се исполни планот на Инчите, да избувме конфликт меѓу нас и Турција.. Почнаа вчера да маваат на нас, да бришат Македонци од пријатели и слично.. Тоа е нивна работа и нивен избор.. Ја тука нема да се мешам!


Очекувам ваш коментар и ваше мислење за 3те горенаведени работи!!!


Со почит:
DarkoDimovski1