Пријавете се во БАЗУКА ТИМОТ

Day 1,478, 13:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
Завчера ви пишав за мојата единица Macedonian Red Army – чет канал #MRA
( единицата е составена од играчи кои ја прифатија идејата за борба за Е-Македонија со сите средства кои ни ги дава играва,без притоа да губат глава за БХ медал )

Сите членови на единицата се бевме сложиле да ја спроведеме следнава идеја :
Сите наши членови се сложија да ги собираат базуките и чоколадцата од Дневната наредба така што ќе се претвориме во Базука единица која ќе решава важни битки.


Идејата ја подржаа многумина Македонски играчи така што решивме идејата да се прошири и да составиме БАЗУКА ТИМ составен од сите играчи спремни да го направат истото што и мојата единица и да функционираме како една целина која ќе пука по наредба во важни битки,се со цел веќе да не дозволиме изгубена важна битка

Приложив и проста математика за тоа колку може да биде важноста на ваков тим :

10 играчи за 10 дена собираат 10 базуки ( 300 000 учество )
+ 10 чоколадца
+ целото здравје кое може да го имаат
= најмалку 4 000 000 учество во битка.


Поради тоа што овие играчи би се откажале од гонење на БХ медали ( поради кои непотребно некогаш се маваат милиони во небитни битки ), јас мислам дека секој од овие наши војници би требало да добијат барем 2 тенкови од испукана базука. ( при што јас во почетните неколку месеци си земам за обврска на секој од нив за секоја испукана базука да им давам по 100 здравје или 1 тенк по нивен избор )


Значи денес во разговор со МОД тимот и со Генерал штабот и претходно со Претседателот решивме Идејата за Базука ТИМ целосно да ја оствариме


ПРЕД ДА СЕ ОДЛУЧИТЕ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ТИМОТ ТРЕБА ДА БИДЕТЕ НА ЧИСТО СО СЛЕДНИВЕ ПРАВИЛА И ДОЛЖНОСТИ НА СЕКОЈ ЧЛЕН ОД БАЗУКА ТИМОТ


1. Ние свесно се откажуваме од гонење на БХ медали за да ги собираме базуките и чоколадцата за една повисока ЦЕЛ – да допринесеме нашата Е-Македониај да не загуби Важна битка

2. Базуките нема да ги употребуваме за пукање во битка, без притоа да добиеме наредба од МОД тимот или Генерал штабот

3. За секоја испукана базука ќе се добијат по 2 тенка ( за да се добијат тенкови за секоја испукана базука тоа ќе го докажете со принт скрин од учеството во битката – кои ќе ги доставите до членот од МОД-тимот или генерал штабот кој ќе ја издаде наредбата за пукање на базуки во битка

4. Поради тоа што сите во различно време седнуваме на Е-република ( во зависност од времето, ќе имаме смени во кои ќе има најмалку 10 членови на базука тимот )

5. Кога е смената на играч од базука тимот, играчот ќе биде на чет каналот кој наскоро ќе се објави

6. За во преломни битки да бидем во што поголем број собрани од базука тимот ќе се известуваме со директни пораки до вашите налози, кружни пораки и ќе си размениме мобилни телефони за да може да се известуваме ( има опции на ВИП и другите мобилни мрежи за бесплатен разговор со останатите во мрежата )

7. ЗНАЧИ УШТЕ ЕДНАШ ЌЕ НАПИШАМ – НЕМА НИКОГАШ ДА ПУКАМЕ БЕЗ ДА ДОБИЕМЕ
НАРЕДБА ЗА ПУКАЊЕ – наредбите ќе се извршуваат како што ни се дадени
( на пример ако сме 40 играчи, некогаш ќе биде доволно сите да
испукаме по 3 базуки
за да добиеме битка 40 х 90 000 = 3,6 милиони учество )

8. За да бидете дел од базука тимот не мора да ги напуштите единиците
во кои сте
Моментално, доволно е само да ги почитувате правилата – значи свесно
да се откажете од гонење на БХ медал но притоа може да сметате на 2
тенка за секоја базука + јас и уште некои играчи во првите месеци за
секоја испукана базука ќе ви даваме по 1 тенк или 100 здравје по ваш
избор



Сите кои сакате да базука тимот пишете ми порака во која ќе наведете колку базуки и чоколадца имате зачувано за да знаеме со каква сила ќе располагаме уште од самиот почеток на Базука Тимот ( Во Базука Тимот ќе нема нееднакви - сите ќе бидеме едно и со една единствена цел : Никогаш повеќе да не изгубиме важна битка !!!!!!! )