Бев...

Day 1,458, 10:18 Published in North Macedonia North Macedonia by Kirijana

Бев гола,
се сунчав под месечината.
Бев сама,
со пламени желби кои ми виореа низ телото,
во тажна заграда.
Бев овде,
и се наговарав себеси
да излезам од оваа натопена кожа.
Од оваа чаура.
Бев секаде,
и чекав...
Те слушнав,без зборови.
Твојата контура
беше тетоважа во атмосферата.
Те довикнав...
Експлозивен звук,
песна која урла од расечено грло.
Не се сврти ,замина...