Видов дека сум станал Конгресмен

Day 1,436, 10:26 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
Право да ви кажам да знаев дека овие избори ќе бидат толку долни, немаше ни да се кандидирам

- на сите страни фрчеа какви ли уште не понуди за купување и продавање гласови, гледав како многу од нашите Македонци си го продадоа ДОСТОИНСТВОТО продавајки си го или купувајки гласови за виртуелни пари,тенкови и злато.

Во мојата кандидатура објавена во мојот весник изјавив дека златото од медалот за конгресмен доколку станам ќе го продадам за Тенкови + дека ќе дадам уште 5 златника од мене за тенкови ( кои ги купив вчера на два пати од Македона - исто така ветив дека само од неа ќе купувам бидејки е злато девојка или жена која е за восхит и која се вложува себеси за да обезбеди пристоен рефунд за нејзината женска единица )

Денес ќе почнам да ги делам тенковите на секој од вас кој ќе дискутира во статијава

Исто така како што знаете пред два дена ми се роди вториот син и од неговото раѓање до денес поделив околу 1200 тенкови на многумина од вас

Денес како што ветив така и ќе направам ќе поделам 400 тенкови кои ги купив од Македона и уште околу 500 тенови во чест на раѓањето на мојот втор син

Да живее Македонија ! ! ! Реалната и Виртуелната ! ! !

ВЕРНИ ВО БОГ ! ! ! МАКЕДОНЦИ ДО ГРОБ ! ! !



П.С. Во Јануари спремајте се во што поголем број да дојдете на Вториот Е-Република собир во Штип


Искрено и од срце вашиот Персеј Македонски