Персеј Македонски - Историски факти

Day 1,432, 17:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
Персеј бил последниот крал на Антигонидската Империја една од наследничките на Македонската Империја.

При крајот може да гледате за Персеј Македонски


Македонско-римски војни


Прва Македонско-римска Војна
Битка кај Ламија (Прва - Втора)
Првата Македонско-римска Војна се одвивала во периодот од 215 до 205 п.н.е.
За време на Втората Пунска Војна, македонскиот крал Филип V се сојузил со Ханибал. Плашејќи се дека Македонците ќе му дадат засилување на Ханибал, Рим испратил војска преку Јадранот. Римските легии (помогнати од сојузници од Етолската лига и Пергамон по 211 п.н.е.) извршиле само некои престрелки против Македонците и зеле само мала територија по јадранското крајбрежје во „борба против пиратството“. Римјаните не биле заинтересирани да освојуваат, туку да ја држат Македонија, грчките полиси и политичките лиги внимателно поделени и незаканувачки. Војната завршила нерешено во 205 п.н.е. со Фојнишкиот мировен договор. Иако ова бил мал судир, ова на Римјаните им отворило пат за освојување на Македонија и Грција.
[уреди]Втора Македонско-римска Војна

Втора Македонска војна
Киноскефали
Втората Македонско-римска Војна се одвивала во периодот од 200 до 196 п.н.е.
Во 201 п.н.е., амбасадори од Пергамон и Родос поднеле докази пред Римскиот сенат дека Филип V и Селевкидскиот цар Антиох III потпишале пакт за ненапаѓање. Иако некои учени сметаат дека овој „таен договор“ бил измислен од Пергамон и Родос, ова предизвикало Римјаните да ја започнат Втората македонска војна, со помош на грчки сојузници. Ова бил нерешавачки судир сѐ до римската победа во битката кај Киноскефали во 197 п.н.е. По Темпејскиот мировен договор, на Филип V му било забрането да се меша во работите на своите соседи, услов до кој се држел до крајот на животот. Во 194 п.н.е. Римјаните ја прогласиле Грција за „слободна“, и сосема се повлекле од Балканот. Изгледало дека Рим немал повеќе интереси во регионот.
[уреди]Римско-селевкидска Војна

Римско-сириска војна
Термопили – Евримедон – Мионес – Магнезија
Римско-селевкидската Војнасе одвивала во периодот од 192 до 188 п.н.е.
По Втората Македонско-римска Војна, членките на Етолската лига биле незадоволни од големината на територии одземени од Рим како „награда“ за помошта. Така, тие го „поканиле“ царот на Селевкидска Сирија, Антиох III да им помогне во ослободувањето на Грција од „римско угнетување“. Антиох пратил мал број единици во 192 п.н.е., а пак Рим како одговор ги вратил легиите во Грција, истерувајќи ги неговите војници.
Антиох исто така го засолнил Ханибал. Како негов воен советник, Ханибал го посоветувал кралот да не влегува во Грција со толку малку војска, но советот не бил прифатен). Рим пратил 30,000 војници под команда на Сципион Африкански во Мала Азија за да го пресретнат Антиох. Откако дознал дека Римјаните одат кон него, Антиох имал два непријатни избора. Или морал да се предаде на срамен начин и да избега назад во Азија или да се соочи со Римјаните на географска позиција која е непогодна против побројната римска војска. Антиох се решил за второто, па ги избрал Термопилите. Тој набргу бил закрилен од римската војска, токку како што Спартанците биле закрилени од Персијците пред 300 години. Ова резултирало со римска победа во Термопилската битка (191 п.н.е.) и битката кај Магнезија (190 п.н.е.). Заради овие победи, Антиох бил приморан да го потпише Апамејскиот мировен договор (188 п.н.е.), отстапувајќи Селевкидска територија на Рим и Пергамон и воени оштети од 15,000 таленти сребро.
[уреди]Трета Македонско-римска Војна

Трета Македонска војна
Каликин – Пидна
Третата Македонско-римска Војна се одвивала во периодот од 172 - 168 п.н.е.
Со смртта на Филип во Македонија (179 п.н.е.), неговиот син, Персеј, се обидел да го врати македонското влијание на меѓународната сцена, и агресивно тргнал кон соседите. Кога било кажано дека Персеј е вмешан во заговор за атентат против сојузник на Рим, сенатот ја објавил Третата Македонска војна.Во неа на страна на Македонци учествуваа Илирите со нивниот крал Гентиус и тракиското племе Одриси . Првично Рим бил неуспешен во спротивставувањето на македонската војска, но во 167 п.н.е., римските легии под водство на Конзул Павле Емилиус ја разбиле слабо покретна Македонската фаланга во битката кај Пидна каде загина над 30.000 македонски војници.Војната со Римјаните имала интензивна политичка димензија и етничка природа. Олигарсите на Македонските држави, како и македонските аристократи, се приклучиле на страната на Римјаните со цел да го зачуват нивното богатство и привилегии. Така тие целиле да ги сочуваат своите бенефиции како нација. Од друга страна, сиромашниот народ пак храбро застанал на нозе и се борел до крај, а тоа е и причината за големата смртност на македонската војска. Овој начин на размислување е поткрепен со фактот дека коњаницата го напуштила својот крал Персеј. Подоцна Персеј бил заробен и заедно со семејството убиен во Рим, 250.000 становници се одведни како робови во Рим и римски провинции, поголем дел на градови се разорени а кралството Македонија било поделено на четири марионетски републики во кои се населени римски легионари.Битката кај Пидна беше многу значајна затоа што значеше пораз за Македонија. Македонија е потчинета од Рим, кој тогаш бил сметан за неоспорен "владетел на светот".Македонија је поделена на 4 дела и римјаните вршеле огромни "масакри" на становници, околу 300 000,а на опустели долево населувале ислужени легионaри како награда и начин на асимилирање на Македонци.
Третата Македонско-римска Војна беше решавачки конфликт помеѓу Македонците и Римјаните. Кога Македонците сфатиле каков трагичен пат им следува, се здружиле во борба со општа цел, борба од чист национален карактер. Сепак, без успех. Тие не успеале да обединат широк сојуз од војски кои би можеле да и контрираат на енормната и моќна војска што ја поседувала Римското Царство