Прв Е-Република собир во Штип

Day 1,420, 13:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Persej Makedonski
Добра вечер браќа и сестри Македонци

Би сакал да ви кажам дека ми е чест што сум дел од нашето семејство наречено Е-Македонија ( баш и се однесуваме како едно просечно Македонско семејство – де се сакаме – де се караме – ама се во интерес за Е-Македонија )

Најголема придобивка од секоја игра е стекнувањето на нови пријатели,за волку кратко време во играва за среќа стекнав многу нови пријатели,а би сакал да стекнам уште повеќе.Затоа пред некое време дојдов на идеја да се организира прв Е-Република собир во Штип (за да запознаам поеќе од вас и лично)

Имаше заинтересираност кај многу од вас,може слободно да ви кажам дека првиот Е-Република собир во Штип ќе се одржи наредниот викенд

Бидејки не има од многу профили во играва,ја пишувам оваа статија за да во коментарите напишете (оние кои не сте од Штип) која дата повеќе ќе ви одговара :
15 октомври или 16 октомври
Која од овие две дати ќе одговара на мнозинството заинтересирани,на таа дата ќе сеодржи собирот.

Ве молам денес,утре и најкасно до среда вечер да напишете во коментар за да знаеме колкав број ќе бидеме и да видам во кој локал да го организирам собирот.

Во четврток ќе објавам статија во кој локал и во колку часот ќе почне собирот

Со должна почит вашиот Persej Makedonski