Мал бејби боом ! : )

Day 1,414, 14:42 Published in North Macedonia Indonesia by G A T O T K A C A
Македонци јасна е една работа потребен ни е нов бејби бум,долго време веќе бројката на активни играчи стагнира.Потребна ни е свежа крв,потребни ни се нови луѓе кои за некој месец ке прават заедно значителен инфлуенс.

Знам дека имаше претходно еден обид од страна на Sarmetina но не успеа.Тој линкот од ерепублик го достави до неколку македонски забавни сајтови и беше поставен линк од негов реферал,гледате и самите од линкот погоре дека тој има само 3 "Society Builder" медали од што се гледа дека тој бејби боом не беше баш успешен.

Според мене секој од нас треба да се обиде да донесе по некој другар во играва,објаснете им каква е играва,што може да прават во неа,објаснете им за дружбата по каналите,за војните како освојувавме и како бевме освоени,никогаш неможе да знаете можеби баш за тој што мислите дека нема да сака да игра би почнал активно да игра.

Кога барем пола од нас би донеле по 1-2 играчи во играва и тоа би било успех.Да земеме за пример 300 од нас да донесат по 1 играч тоа се 300 нови играчи,свежа крв.Јасно е дека нема сите да продолжат да играат но и да продолжат само 100 од нив повторно имаме постигнато нешто,тие 100 души за некој месец ке можат да помогнат во војните.Како што кажа и Strumjanin силата е главно во рацете на цивилите.

Ќе ме извините ако идеава не ви се допадна ама мене сега само ова ми падна на памет.Пробајте нема ништо да изгубиме може само да добиеме!