Резултати од еПописот

Day 1,413, 12:06 Published in North Macedonia North Macedonia by Prilep4an4e


Како што најголем дел од вас знаат пред на ден 1411 почна еПописот...
Резултатите на еПописот не се какви што очекував. Јас очекував да биде многу помасовен и да знаеме колку активни Македонци и Македонки имаме на еРепублик. Но оваа моја идеја не му се допадна на многу играчи, многу мислеја дека оваа го правам само за претплати,некој ги мрзеше да коментираат па ставиле воте итн итн...



Беше што беше денес пописот заврши.

Попишани се вкупно 395 играчи од еМакедонија.

Од нив 381 се машки, а додека женските се во многу многу помал број.Попишани се само 14 девојки.

Тоа се резултатите.

Ако ништо друго барем додека ги читав коментарите слатко се смеев на шегите од нашиот народ. Некој беја попишкани 😃 (да се надеваме дека србите не ја читале многу статијава 😃), некој беја покакани , потпишани , отпишани и така натаму. Најзабележителен и коментар кој најмногу ме насмеја е коментарот на мојот колега Дедо Мраз 😃




ПеПе