Како размислува еРепубликанец?

Day 1,354, 16:32 Published in North Macedonia North Macedonia by Dushko Avramovski

Седат двајца другари во Градскиот Парк во Скопје, едниот фан на Работнички а другиот пак не прати многу фудбал но затоа по 24/7 е на еРепублик. И туку наеднаш почнува голема галама од Арена Филип Втори. Оној кој играл еРепублик изненадено прашува, што е со галамата? Кои играат? Другарот пак му одговара дека голема екипа дошла,Лацио дошол да игра со Работнички, и многу жали што не си купил карта! еРепубликанецот на ова му возвраќа зачудено...Чекај бе ? Каква карта? Веке не се купуваат карти сеа само автоматски ти одзема 20-40-60 или 80 денари зависно од растојанието! Другарот запрепастен од тоа што го слуша му вика да иде да се лечи! еРепубликанецот на тоа му возврака дека и болници веке немало,ги укинале! Сега имало ама ретко и доколку некојa држава си платела. Другарот негов го слуша сето ова, се лупа по чело и се прекрстува! еРепубликанецов згора на се го прашува повторно за Лацио и му дофрла - ПА ЈАС ЗНАМ ДЕКА ЛАЦИО Е САМО РЕГИОН ВО еИталија! Ооо-о-ооооо!

😃 😃 😃 😃 😃 😃 😃 😃

Се надевам дека оваа статија ви се допадна 😃 доколку е така можете да ја споделите со сите оние кои мислите дека треба да ја прочитаат. ШАУТ!
***** Како размислува еРепубликанец? - http://tinyurl.com/3z4q2hf *****





Искрено Ваш,
Душко Аврамовски(Dushko Avramovski)

пс. Па дај да се собереме и да навиваме за Работнички против Лацио на Арена Филип Втори, од еРепублик што сме😃 наместо да пишуваме шаути тука можеме да урламе таму!!! 😃