Одговор на вчерашните препукувања меѓу мене и претседателот на ОеМ

Day 1,340, 03:58 Published in North Macedonia Thailand by mac3donia

Здраво Македонци и Македонки.Многумина од вас со кои бев пријател од денеска па во иднина ке ме сметаат за најголем непријател и предавник но тоа е тоа ... Имено вчера бев истретиран од претседателот на ОеМ - Кракер4е како дворски шут или незнам како веке да го наречам .

За што станува збор ?

Му пишувам порака на претседателот на ОеМ со текст "Друже јас сакам да се кандидирам за конгресмен и на овие избори , дали ке може да ме кандидираш во некој регион ? "

Одговорот беше "Во ред кандидирај се АЛИ во некој ненаселен регион - некој мал"
Си викам "во ред ајде да видам кај има ненаселен регион". И гледам на мапа ја гледам АТИКА (пошо таму бев предходните) али во атика беше дигнато востание со намера да се ослободи тој регион и си викам , ајде ке одам во друг...

Гледам во египет регионите и си викам ајде ке одам во RED SEA COAST.Се преселив таму и му пишувам порака "Друже , се преселив во RED SEA COAST планирај ме за таму" а се ова се случи уште пред АМИНТА да каже дека ке се сели главниот град во египет .

И се тоа беше ОК се додека не кажа Претседателот за селењето.Тогаш ми стигна порака од претседателот на ОеМ со текст "Еј абе ти мн паметен си бил , неможе таму јас за таму си имам "MOJ" човек" на што јас се изнервирав зошто до пред тоа се беше во ред се додека АМИНТА не го кажа тоа што го кажа.

Се испровоцирав само затоа што не си го одржа зборот што го вети , а вети дека ке ме кандидира во слаб регион , кој и беше но што сум јас крив што Аминта и другите во министерствата решија да се прави главен град ?

Па и ме игнорира на пораки , претседател на партија ОеМ ееееј партија во која има 1400 души кои го избрале него за претседател и му реков "Дојди да се разбереме ко луѓе , вчера од 09-00 до 23-00 го викав , цел ден го утепав само и само да дојде на канал да се разбереме , додуша не стапнал на конгрес каналот кој знае од кога или ако дојде ке дојде на 5 мин и заминува, но него го нема .Исто така пола АрМакедон знаеше дека го барам да дојде да се разбереме ко луѓе да видиме да најдеме некое решение но пак не дојде ...

И последно што му го кажав , "Дојди бре човек на конгрес канал да не страда цела нација , дојди да се разбереме"

Одговорот беше : Ма кој си ти да ме викаш јас да дојдам , ако сакам ке дојдам , и кај сакам ке дојдам , што сакаш прави , ОеМ нема да ја плукаат тебе ке те плукаат како персона"

Епа брака и сестри јас цел ден вчера го викав цел ден - он не дојде и се случи тоа што се случи 🙁

Друго што сакам да потенцирам е дека од денеска ја напуштам еРепублик , мојот профил ке го игра еден мој братучед , за да не умре профилот .Паравоената единица на која сум лидер DUKES ке ја напуштам зошто не сакам да страдаат луѓето кои вложиа многу во неа.

Луге сакам да им се извинам на сите невини Македонци и Македонки кои се повредени со мојата постапка . Сакам да ми простите но исто така постои една христијанска поговорка "Човечки е да се греши , но човечки е да се простува "

На Вас оставам дали ке ми простите или ке ме вреѓате но да знаете дека уште денес го играм профилот , и друга работа - немајте си работа со ОеМ посебно со претседателот за да не ви се случи и на Вас нешто слично.


Поздрав ВаШ mac3donia