[Амбасадор во еШпанија] Резултати од интерните партиски избори

Day 1,334, 06:39 Published in North Macedonia France by Princess Emily

Денес во Шпанија се одржаа редовните избори за претседател на политичките партии. Во Шпанија има повеќе политички партии, од кои пет се најголеми, и имаат своја процентуална застапеност во конгресот: Нова либерална Шпанија, Унија на селаните, Партија на комунистите на Шпанија, Партија Отаку Нипон и Партијата на шелдонистите (Nueva Espana Liberal, Union del Pueblo, Partido Comunista de eEspana, Partido Otaku Nippon, Partido Sheldonista). Другите партии бројат помалку членови и немаат некое позначајно влијание врз политиката во земјата.

Најголема партија е Нова либерална Шпанија, со 352 приврзаници, од кои 76 (или 42.46😵 од вкупните 179 кои гласале, го избраа Alxs за претседател на оваа партија.

Партијата Унија на селаните за свој претседател го избраа AdrianDiaz15, со 68 гласови (45.64😵 од вкупно 149 членови на оваа партија кои гласале денес.

Партијата на комунистите на Шпанија брои 223 членови, од кои гласале 107, а од нив 62 (57.94😵 гласале за Juan Harlock.

Во партијата Отаку Нипон има 218 членови, од кои гласале 134, а од нив 105 (78,36😵 го дале својот глас за Otaky Master. Приврзаник на оваа партија е и претседателот на Шпанија Warm 2.

Партијата на шелдонистите има 202 приврзаници, од кои гласале 109, а од нив 94 (86,24😵 за претседател на оваа партија го избраа Trokair.

Партијата Плурална демократија за свој нов претседател го избра MaviFe.

Нов претседател на партијата Унија на националистите е Derviriles.


Следните избори се на 25 јули, на кои граѓаните ќе ги избираат членовите на конгресот.