Да се насмееме во ова тешко време !!! БОНУС НАЈДОЛЕ !!!!!

Day 1,332, 15:28 Published in North Macedonia Thailand by mac3donia

Си седи Цветко сам дома, вечерно време, си гледа ТВ кога одеднаш некој чука на вратата ! Цветко приоѓа и прашува:
-Кој е?
-Полиција !
-Што сакате ?
-Да поразговараме !
-Колку души сте ?
-Двајца...
-Па поразговарајте !!


Воделе љубов маж и жена, и женава видно возбудена почнала да вика:
- Да! Така... Така... Кажувај ми прљави работи!
Мажот:
- Кујна, купатило, спална, дневна....


Едно зомби тргнало да ги плаши луѓето во паркот. Седнало до еден пијаница и му побарало запалка. Пијаницата без да го погледне му дал запалка. Зомбито пак му побарало запалка. Пијаницата се свртел кон него и му рекол:
- Доста пушиш бе! Види се на што личиш.


Никола Војвода ја стројува четата во два реда и започнува да им ги сече. Го сече на првиот и го прашува:
- Боли ли?
- Не боли!
- Зошто не боли?
- Затоа што сум од четата на Никола Војвода.
Го сече на вториот:
- Боли ли?
- Не боли!
- Зошто не боли?
- Затоа што сум од четата на Никола Војвода.
Го сече на третиот и го прашува:
- Боли ли?
- Не боли!
- Зошто не боли?
- Затоа што го пресече на Јане од вториот ред.


Пироќанец доаѓа во продавница за автомобили и го прашува продавачот:
- Колку чини овој автомобил?
- 15000 евра – одговара продавачот
- А колку троши?
- 10 литра на 100 километри
.- Многу скапо! А колку чини овој овде?
- 5000 евра и троши 7 литра на 100 километри
- И тој е скап, а колку чини овој?
- 2000 евра, одговара изнервирано продавачот...
- А колку троши?
На продавачот му пукнал филмот и рекол:
- Една лажичка на 100 километри
Пироќанецот:
- Лажичка за супа или за кафе?


И за најупорните

Македонец V.S Грк


Во купе во воз седат Грк, Македонец, стара баба и плавуша.
Влегува возот во тунел и за неколку секунди се слуша силен сочен шамар. Кога возот излегол од тунел гркот имал црвен образ, но никој не прозборел - па така секој размислува во себе:
Бабата си мисли:
- Сигурно Гркот ја фатил плавушата па оваа му плеснала една...
Плавушата мисли:
- Хмм, Гркот сигурно сакал да ме фати, но во темница ме промашил ја фатил бабата и оваа му плеснала една...
Гркот мисли:
- Македонецот сигурно ја фатил плавушата, а таа сакала да му удри шамар, но го промашила и ме удри мене...
Македонецот мисли:
- Уф, едвај чекам да дојде друг тунел и пак да го расшамарам Грков!


Се надевам дека се насмеавте !!!!

Mac3donia !!!