Апел до цела еМакедонија !!! [ЕДИТ]

Day 1,238, 06:43 Published in North Macedonia North Macedonia by Bojan Almighty
Верзија побогата за уште три брилијантни статии кои го пленуваат секој што ќе ги види и прочита....

По добивањето на министерската функција во Министерството за Образование немав можност да пишувам статии од мојот весник и сум зафатен со весникот на министерството, но една работа ме испровоцира да ја напишам оваа статија. Секој ден сме сведоци на пораст на бројот на новинари и на бројот на нови весници. Голем број играчи го отвараат веснокот само за да добијат три златници повеќе сметајќи дека собирање на 1000 претплатници е лесна работа. Откако ќе сфатат дека новинарската работа е тешка (собирањето на претплатници е тешко) често излегуваат со статии од 2-3 реда надевајќи се дека ќе добијат неколку претплатници плус и дека ќе си ги вратат побрзо потрошените златници. Поради ова голем број квалитетни статии често остануваат незабележани од голем број еМакедонци. Ваквото незабележување на квалитетните статии е најчесто поради честото излегување на статии во медиумскиот простор со иста или скоро слична содржина, како на пример „Напад на Видин“, „Италија ни дигна востание“...

Како пример ќе ја земам статијата од Министерството за Образование за основен туториал за почетници оригинално напишана од PhoenixMK, а реобјавена денес со цел новите играчи кои деновиве ги има во голем број преку статијата да ги добијат потребните информации, а за таа цел истата би требало да се најде во ТОП 5. Но до сега таа статија има само 81 глас и не е ниту на пола пат за доаѓање во ТОП 5. На овој начин пропаѓа целта на статијата...





Во овој пример насловот на статијата кажува се. Целта на оваа статија е секако новинарот да добие поголем број претплатници, но поради оваа статија можеби е избуткана статија со голема важност за еМакедонија. Статијата иако нема никава содржина која и е од корист на еМакедонија сепак има прближно ист бтој на гласови како и статијата на Министерството за Образование.




Интересно на оваа слика е што интервјуто со United Macedonia има далеку повеќе гласови од статијата на министерството. Целта не ми е да го дескредитирам United Macedonia и целото интевју, но оваа статија и нема некаво големо значење за иднината на еМакедонија ако се земе впредвид дека се тоа што е напишано во интервјуто United Macedonia го напишал неколку пати во коментарите на други статии.




Мислам дека насловот на статијата кажува се. Статијата се вика „Ништо важно“...





Весников баш е за смеење.... ha! ha! ha!





Немам коментар......





ВАЖНИ ВЕСТИ КУКУРИКУУУУ !?


Ги молам сопствениците на весниците кои се прикажани во оваа статија да не го сфаќаат ова лично...

Целта на оваа моја статија е да упатам еден јавен апел до сите еМакедонци да ги гласаат статиите не само на Министерството за Образование туку и на другите министерства како би можеле сите еМакедонци да бидат информирани што се случва во еМакедноија, но и младите еМакедонци да ги добијат потребните информации за играта и со текот на времето да прераснат во еМакедонци кои ќе ја направат еМакедонија светска еСила.