[МНФ] МНФ реагира на состојбите поврзани со АРМ

Day 1,177, 16:03 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

МНФ е вознемирена поради состојбите во АРМ.
МНФ нема намера да критикува никого, но апелира до сите засегнати и повикани страни да ги смират страстите и да ги намалат суетите за доброто на еМакедонија.


Не сакаме да додаваме сол на раните, но мора да потенцираме неколку работи:
1. Лавовите и АРМ се сериозен столб на одбраната на еМакедонија.
2. Лавовите се сериозно организирана воена единица
3. На еМакедонија и треба силна АРМ со повеќе единици
4. Треба да се почитува хиерархијата во еМакедонија (но и различните мислења)
5. Другите паравоени единици не смеат да се мешаат во состојбите со АРМ



Наместо кавги, МНФ го предлага следново:

- Итна реформа во поставеноста на АРМ
- Формирање на повеќе единици
- Формирање на Генералштаб на АРМ, во кој ќе бидат сите команданти на единиците
- Државата е должна да троши средства на АРМ
- Треба да се обидеме сите паравојски да станат дел од АРМ...



Или како што напишавме во нашата програма ...
Мерки кои би се превземале:

1. Назначување на Началник на Генералштаб на АРМ
- треба да биде од редот на најискусните и најсилните еМакедонци
- треба да биде од редот на оние кои се покажале во досегашните битки
- треба да биде од редот на оние кои добро ги познаваат и надворешните работи и економијата и државната управа
- треба да е личност која ќе ги обединува сите

- треба да е назначен од страна на Претседателот на еМакедонија, но во што е можно поголема согласност со Конгресот и политичките партии
- треба да е прифатлив за сите или бар за повеќето постојни паравоени организации
- треба да е спремен функцијата да ја врши посветено и да комуницира со сите

2. Формирање на Генералштаб на АРМ
- треба да е составен од командантите на бригадите на АРМ
- во неговиот состав треба да има и по еден офицер назначен од страна на Претседателот, Началникот на ГШ на АРМ, Владата и Конгресот
- во неговиот состав треба да влезат и командантите на паравоените единици кои ќе исполнат критериуми и ќе влезат во официјалниот состав на АРМ

- Генералштабот на АРМ ќе има задача да одлучува за стратегијата и тактиките во војна, заедно со другите надлежни државни органи
- Генералштабот на АРМ ќе е задолжен за развој на АРМ
- Генералштабот на АРМ ќе се грижи за спроведување на одлуките на државниот врв
- Генералштабот на АРМ ќе се грижи за материјално-финансиското функционирање на АРМ

3. Единство на АРМ
- иако многу од паравоените единици од Македонија покажаа инзворедни резултати во својот развој и во одбраната на еМакедонија, МНФ цени дека е добро да пробаме да формираме заедничка и единствена Армија на Република Македонија
- одлуката за приклучување кон АРМ треба да биде доброволна и на база на меѓусебно почитување и согласност
- секоја бригада на АРМ и во иднина ќе може да го задржи својот уникатен карактер, во смисла на идентитет, име, амблем, но со назнака дека е дел од АРМ
- секоја бригада на АРМ ќе може да ги задржи и развива своите економски и финансиски потенцијали, ако тоа не се судира со концептот за развој на АРМ

4. Број и состав на единиците на АРМ
- АРМ треба да има бригади и чети
- бригадите треба да бројат од 50 до 100 члена (може да се дискутира)
- четите треба да бројат од 10 до 20 члена (може да се дискутира)
- четите мораат да бидат дел од некоја бригада
- командната поставеност на АРМ мора да ја почитува секоја бригада, чета или војник на АРМ
- команданти на бригадите ќе назначува Началникот на ГШ на АРМ
- четите и бригадите мораат да бидат добро организирани ( по пријателска, роднинска, градска или некоја друга логика) за да бидат мобилни и брзо функционални

5. Формирање на Академија за обука
- овде ќе бидат примани исклучително посветени млади играчи
- целта ќе е да се овозможи забрзан развој на младите играчи кај кои се забележува исклучителна посветеност
- Академијата треба да има свој директор кој ќе биде назначен од Началникот на ГШ на АРМ

6. Формирање на Логистички центар
- АРМ треба и може да има свој концепт на обезбедување на основни средства за своите потреби (храна, жито, оружје...)
- АРМ треба да има свои залихи кои ќе се употребуваат за потребите на АРМ (засебно од државните залихи)
- АРМ треба да го развива концептот за логистичка подршка заедно со Претседателот, Конгресот и Владата на еМакедонија

7. Финансирање на АРМ
- АРМ е врвен приоритет на еМакедонија
- најголем дел од средствата собрани од данок треба да одат за потребите на АРМ
- средствата треба да се користат за развој на армиската логистика, за набавка на храна и оружје, за финансирање на бустери за припадниците на АРМ и слично
- средствата треба да се трошат врз основа на претходно утврден план од страна на Претседателот, Конгресот и Владата на еМакедонија
- брзиот развој на поголем број играчи на еМакедонија ќе не направи уште повеќе независни од помошта на нашите пријатели и ќе не направи посериозен играч на меѓународната сцена


Уште еднаш повикуваме на разум..

Да живее еМакедонија !!!