[МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ] Состав и програма за овој мандат

Day 1,176, 06:19 Published in North Macedonia North Macedonia by Ministerstvo za Obrazovanie
Почитувани,

Во изминатиов период, Министерството за образование како свој врвен приоритет го стави упатувањето на новите играчи во играва со цел задржување на поголем дел од нив. Поради тоа, се направи упатство кои ги содржи сите досегашни направени туторијали кои се од значење за новите играчи, активно се впушти во комуницирање со истите а се паузираше во правењето  нови туторијали.

Се отвори каналот  #NoviIgraci каде во секое време истите можеа да се обратат до присутните играчи за совет или за некое прашање. Им упатуваме благодарност на сите што помогнаа.

Најпрвин, би сакале да го претставиме најновиот состав на Министерството за образование избран од страна на претседателот на еМакедонија, г-дин Strumjanin:

Министер за образование: PhoenixMK (втор мандат)
Заменик министер: Macednon
Помошници: TosheMK, Panche Isajeski и NightWolfMK
Стручен советник: Cyril of Macedon

ПРОГРАМА НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ:
И во овој период,  министерството за образование за свој приоритет ќе ги има новите играчи но со таа разлика што од сега започнуваме со активно едуцирање на македонското население. Во склоп на министерството за образование се формира

ЕДУКАЦИСКИ ЦЕНТАР НА еМАКЕДОНИЈА (ЕЦМ)

За разлика од темите кои бараат подетално објаснување (туторијали), ЕЦМ ќе пишува за теми кои се актуелни како на пример:  пин код и работење во сопствена фирма и ќе дава објаснувања и совети за некои сегменти во играта со кои секојдневно се среќаваме.
Започнуваме од почеток. Ќе се пишат нови туторијали а некои ќе се модифицираат и реобјават по редослед. Истото важи и за ЕЦМ.

Туторијалите ќе бидат во надлежност на министерот и заменик министерот а за упатствата на ЕЦМ надлежни ќе бидат помошниците. Веќе се изготвени околу 25 наслови на теми и ќе се обидеме да ги објавиме сите до крајот на нашиот мандат, а ако не успееме, тогаш тоа ќе го направи наредниот состав.

Бидејки за повеќето од нас тоа се веќе déjà vu теми, сепак ќе ве замолам редовно да ги гласате артиклите на Министерството за образование за да стигнат до топ5 и да бидат прегледни за поновите генерации.

Исто така, каналот  #NoviIgraci останува во функција.  Оформивме и тим на играчи кои ќе бидат постојано на тој канал. Тоа се

1. Trte - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3954042
2. Facka - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3971681
3. Shakce - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/3988787
Goxyto - http://www.erepublik.com/en/citizen/profile/902251

Овие играчи, по претходно  барање  на министерот PhoenixMK прифатија да бидат дел од тимот.  Има и други играчи кои се редовно на каналот но не одговорија на барањето на министерот па ги сметаме и нив како дел од тимот. На овој канал секој поискусен играч самоиницијативно може да дојде и да им помага на новите играчи.

Ваш
PhoenixMK

Министер за образование