Курсот на денарот.

Day 1,152, 05:10 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Не е добра идеја да не кажам погрешно е да се повикува да не се купуваат денари од странци на Монетари Маркет па макар биле и Бугари, Грци или нивни организации. Еве зошто.

Import Tax пред да почне војната го наместивме да биде таков за да може недостатокот на готови производи а пред се леб и оружје да се надомести од странски компании кои имаат лиценци за Македонија. Тоа се покажа како исправна одлука а особено во првиот ден од војната. Како што се сеќавате лебот и оружјето масовно се трошеше и цените рипнаа до неслутени висини (што би рекол Ѕинго 😃 )
Беа пуштани и државни лебови но залихите создавани во текот на 3 месеци забрзано се "топеа".
Кога стапија во сила новите даноци ситуацијата се поправи а особено кај q5 лебот кога се дојде во ситуација 5 q1 леба да чинат скоро исто или незначително поефтино од 1 q5 леб.
Постепено ситуацијата се нормализираше.

Погорниов текст ми е вовед на она што сакам да го кажам. Тие странски компании денарите кои ќе ги добијат секако дека прво нешто што ќе го направат е да ги стават денарите на монетари маркет. Тие не можат да им даваат денари како плати на своите работници ниту да купуваат суровини со денари. Ќе ги стават на монетари маркет.

Втора работа.
Ноќта во 3-4 саатот после полноќ во тек на првиот напад на Софија и кога Бугарите направија напад на Монетари Маркет откупија околу 80.000 денари по курс од 0.035 па се до 0.041. Еве да речеме дека просекот бил 0.036
Бугарите се веќе во загуба од СТОТИЦИ златници!!
Тие ќе настојуваат да ги продадат тие денари па макар и по 0.024 или 0.02 или 0.018 курс.
Но дали ние можеме да си дозволиме и дали е добро за само неколку дена курсот од 0.035 да отиде на 0.02 или 0.018. Секако дека не е добро.
За да купат Бугарите 80.000 денари по просечен курс од 0.036 им биле потребни 2880 златници.
Ако ги продадат по просечен курс од 0.027 ќе добијат 2160 златници значи грешката и школото тие веќе си го платија. Нивното школо и курс по економија ги чинеше 720 златници.
Мислам дека им е доволно.

Резиме: Слободно купувајте денари од било кој што има понуда а тоа да нема многу понуди од странци се решава на друг начин. Ставете Import Tax од 50% на сите суровини и производи, странците нема да пласираат на Македонскиот пазар и понудата од денари на ММ од странци ќе ја снема.
Друго прашање е колку Македонската економија може да издржи само со сопствени производи во време на војни кога потрошувачката е зголемена а точниот процент на Import Tax кој треба да се подеси е трето прашање.

Освен тоа треба да се види колкав е дневниот прилив на даноци и да не се троши повеќе од тоа. Ако трошиме (многу) повеќе од приливот тогаш инфлацијата и девалвацијата ни чукаат на врата...