Денес е седми ден после изборот на КОНГРЕСОТ !? Има ли РЕЗУЛТАТИ ???

Day 1,139, 12:22 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Денес изминува една недела од изборот на новиот Конгрес.
Скоро една четвртина од целиот мандат на новите конгресмени помина.

За жал, мораме да констатираме дека, ако вака продолжи ова ќе биде целосно промашен состав на Конгресот на Македонија.

Немам намера никого да навредувам, ниту да напаѓам, но фактите се безмислосни.

Прво, цели седум дена е донесен само еден закон во Македонија и тоа од оние тековните за донација од една на друга државна сметка, кој пак е дури сега во процедура.

Повторувам, само еден закон за седум дена...
Ова би било и нормално кога би немале никакви проблеми во еМакедонија. Но, за жал, кога ги читам весниците не можам да заклучам такво нешто. Доволно е да се читаат редовно весниците и да се видат проблемите на луѓето.

Но, што друго ни се случува..
Ни се случува инфлација од над 25%... За сите оние кои се економисти, ова е катастрофален податок.
Пазарот за пченица ни е претрупан со понуди.. Со денови македонските компании не можат да си го продадат произведеното. А цената веќе не е проблем, таа е на скоро неиздржливо ниво.
Пекарите и понатаму работат на ниво на позитивна нула. Немаат заработка.
Немаме бејби бум. А таков силно ни најавуваше сегашниот претседател пред само десетина дена.. И замислете сите бевме во исчекување..
Никој не знаеше дека Грција и Бугарија ќе склучат примирје. Како да немаме министер за надворешни работи. Ова ако не треба да се знае, не знам што тој министер работи.
Македонските играчи се залетаа да ја бранат Црна Гора, на чело со претседателот, а цело време се чудеа каде се домаќините и каде се србите.. За на крај да разберат дека Црна Гора и Хрватска се договориле на таков чекор.. Ние малку сме залетале..
Феникс се распадна, а ние дознавме за тоа од кога се распадна... А до пред десет дена славевме триумфи кога се зачленивме во Феникс. А тој да ти се распаѓал...

Жалам што морам сето ова погоре да го напишам. Но тоа се ФАКТИ.
Јас нема намера никого да го напаѓам и обвинувам, но мислам дека во оваа игра треба да се најде начин да се искористат сите ресурси на македонците.
Вака како е се гледа дека конгресот е ништо, а владата ја управуваат само неколку луѓе. А како и сите други и тие се обични луѓе од крв и месо. Не може да знаат се и да можат се.

Затоа е потребно да им помогнеме, Да им покажеме дека има уште многу добри идеи за подобрување на ситуацијата во еМакедонија