Пресметки и споредби.

Day 1,136, 05:46 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD

Економијата во СЖ и во еРеп не е иста. Во СЖ некој средношколец ќе отвори некој сајт што нуди некоја новост, нешто што до тогаш го немало и ќе стане милионер па дури и милијардер.
Ова се сепак ретки примери но се случуваат.
Во еРеп моментално можат да се отворат 4 видови на компании или: Храна, жито, железо и оружја.
Еве да ја земеме храната.
Во СЖ има вина за 1 до 2 евра и има вина од по 500 или 1000 евра.
Правиш добра амбалажа правиш добра приказна и ја продаваш таа приказна. Ако има кој да ја купи а се наоѓаат такви (будали).
Овде имаме она што ќе го овозможат админите, нема никаков напредок или развој. Да беше вака и во СЖ уште ќе живеевме во пештери или ќе умиравме од обична инфекција.

Знам дека сон на секој играч на еРеп е да троши дневно по 300 здравје и да има и некое q5 тенкче плус не е лошо. А и по некое бустерче.
Самата игра не го дозволува тоа т.е не е возможно.
Еве зошто.
Да земеме некоја ситуација каде што секој играч ќе си има своја компанија и ќе биде самовработен т.е ќе си работи сам во својата компанија. И да земеме дека ќе има идеален однос/распоред на компаниите.


Ситуација 1.
Да земеме некоја држава со 3 играчи и секој со своја компанија.
Играчот бр 1 има за q1 леб фирма а другите двајца имаат за жито компании.
Сите тројца се Guru* и сите тројца работаат со 100 здравје. (нема будала која во своја компанија работи со 20 здравје 😃)

Основната продуктивност им е 365.
Еве да земеме и плус 20% бонус од пријатели значи + 73
Да речеме дека има 25% бонус затоа што сите ресурси ги имаат во посед значи + 91.25
Бонусот од државјанството 25 ----> +91.25
Вкупно: 365+73+91.25+91.25 = 620.5

Играчот бр 1 дневно произведува по 103.42 лебови дневно.
Другите двајца играчи дневно вкупно произведуваат жито колку што првиот играч во денот може да преработи.
Да речеме нивниот договор е жито за леб т.е леб за жито и тие 103.42 лебови ги делат на еднакви 3 дела.
Максимумот во оваа игра е 34.47 леба дневно по играч во една теоретска ситуација.

Ситуација бр 2.
Исто како првата само вклучуваме играч со своја q5 компанија за оружје и двајца играчи со свои компании за железо.
Значи имаме 6 играчи.
Дневно производство:
103.42 леба, 2.07 q5 тенка
За секого по 17.24 леба и 0.345 тенка.


Многу далеку од 300 здравје дневно за сите. Макар и со 0.19 бустер (за кој ќе имаат злато од Hard Worker и Super Soldier медалите) сепак многу далеку.


Со промениве кои ги направија админите и скорешното укинување на организациите паѓаат во вода и сите корпорации што беа на еРеп.
Пресечени се сите поголеми дотеци на финансии затоа што не секој може да си дозволи и нема слободно време да води многу компании.
Во играва е битно која држава има играчи како Parter, Max McFarland 2, Romper, exohoritis и слични чудаци кои одвојуваат или одвојувале суми на пари со кои да ангажирале програмери ќе направеле свои игри и тоа многу подобри од оваа игра базирана пред се на текст...

Да се надеваме дека и кај нас ќе имаме бејби бум од типот
- eSinNaMinchoJordanov
- eSvetozarJanevski
- eZivkoMukaetov
- eTrifunKostovski
- eRistoGusterov

Инаку што може да се направи со 8000+ златници собирани со месеци кога од другата страна имаш некој кој ќе купи со СЖ пари 100.000 злато.