ОТПОР !!! ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНСКА ОПОЗИЦИЈА

Day 1,133, 17:21 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Почитувани,
последните избори на еМакедонија и понудија можност да ги согледа сите слабости и сите предности на постојниот распоред на политичка моќ.

Многу крв, закани, навреди се излеаа низ нашиве весници.
Тоа е жално и срамно.
Неколку новопечени конгресмени кои своите места ги заработија не врз на идеја што да прават за подобро на еМакедонија, туку врз база на тоа што се партиски војничиња, секојдневно не бомбардираат со закани и навреди.

Очигледно станува дека апсолутизмот кој го наметна ОеМ почнува да и штети и на еМакедонија.
Почнаа да ги делат луѓето на нивни и на опозиционери.
Почнаа да се закануваат.
Почнаа да ги бришат од листата на непријатели.
Почнаа да ги банираат.

Но, се прашувам зошто?
Ако смислата на игрта е да се нудат идеи, да се дебатира и да се натпреварува, зошто некој се плаши од тоа?
Зошто ли не е во ред да имаме различни мислења?
Зошто смета ако некој има подобри идеи?

Очигледно е дека некои момци се опуштија во довербата која долго време им ја дававме.
Очигледно е дека некои од нив мислат дека еМакедонија е нивна сопственост.
Па дури и некои велат дека ако они не биле немало да постои еМакедонија (како во РЛ што вика БЦ)

Затоа, дојде време да се покаже дека не сите овде, во оваа игра се спремни да бидат партиски потрчковци.
Затоа, дојде време да се покаже дека во оваа еМакедонија има неколку илјади играчи, а не само десет или петнаесет добро укотвени ЏОМБИ.
Затоа, дојде време на еМакедонија да и овозможиме да биде демократска држава.
Да може да победуваат подобрите, без разлика на која партија да припаѓаат.

Ве повикувам на ОТПОР кој нема да руши, туку ќе создава демократија.
Ве повикувам на ОТПОР кој ќе овозможи контрола на државните фондови.
Ве повикувам на ОТПОР кој ќе обезбеди можност сите да сакаат да и помогнат на еМакедонија.

Сите четири партии се наши, еМакедонски.
Сите ќе ги почитуваме, но и тие треба да не почитуваат нас.

Кога ќе помислат дека се семоќни, тогаш го достигнале дното.

Затоа, ги повикува сите водачи на ОПОЗИЦИЈАТА на ОБЕДИНУВАЊЕ.

На еМакедонија и е потребна ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНСКА ОПОЗИЦИЈА !!!
На еМакедонија и е потребна ОМО !!!