Васил Чакаларов - кандидат за член на Конгресот !!!

Day 1,100, 00:50 Published in North Macedonia North Macedonia by Boris Sarafoff

Јас, Васил Чакаларов се кандидирав за член на македонскиот Конгрес.
Ќе ми биде чест и задоволство да успеам да и служам на Македонија.

Се кандидирав за член на конгресот од партијата МРО-МНЕ.
Тоа беше единствениот начин на кој можев да се кандидирам.

Ја ценам улогата и залагањето на сите досегашни конгресмени и знам дека направиле многу.
Мојата цел не е да ги негирам успесите на Обединета еМакедонија и нејзините водачи.
Мoјата цел е да помогнам да создадеме состав на Конгресот кој ќе биде реален репрезент на сите граѓани на еМакедонија.

Јас мислам дека нема да биде на штета на еМакедонија во Конгресот да има и неколку членови кои не доаѓаат од една иста партија.
Знам дека еМакедонија не е спремна за целосен плурализам, но знам дека на еМакедонија и требаат и нови свежи идеи и друг критичен пристап кон работата.

Што е она што можам да го ветам, доколку гласате за мене.
1. Нема да пропуштам ниту едно гласање ( а на некои од досегашните конгресмени тоа им се случува)
2. Ќе бидам конструктивен кон работата во Конгресот
3. Активно ќе помагам во работата и на другите министерства
4. Ќе помогам во дооформувањето на АРМ
5. Ќе помогнам во рекламирањето на еРепублика и еМакедонија
6. Редовно ќе ве известувам за мојата работа
7. Ќе одговарам на сите пораки и писма кои ќе ги добијам, а ќе бидат во насока на работата на конгресот

Кои работи се приоритет и кои работи се потребни за еМакедонија во следниот мандат?
ЕКОНОМИЈАТА !!!
Знам дека овој дел е суштински за успех на еМакедонија.
Ако немаме добра економија, нема да имаме ниту добра армија.
За да имаме добра армија, мора да имаме добра економија.

Досега ни ветуваа, дека ќе успеат да ја подобрат состојбата во економијата, но за жал тоа не се случи.
Единствено поместување е подобрувањето на висината на платите, но тоа не е заради здрава економска логика,
туку заради трката помеѓу некои компании за да најдат работници за еден ден, кои потоа ги испуштаат.
Кога на пазарот ги нема тие неколку компании, цената на платите веднаш паѓа за најмалку една третина.
Од друга страна, ни се случува целосно презаситување на пазарот со неколку производи и застанување на продажбата.
Но, ни се случува и продажба на производите под цената на чинење, заради обезбедување на ликвидност од страна на фирмите.

Значи дека и работниците и газдите не се задоволни со заработката.
Тоа значи дека нема доволно пари и злато кои можат да бидат вложени во изградба на одбранбени системи, болници и АРМ.

За да се среди тоа или бар да почне да се подобрува ќе предложам неколку мерки
1. Намалување на Income Tax во оние индустрии каде е превисока и каде се дестимулира слободна економска активност.
2. Зголемување на Import Tax за сите индустрии за кои имаме сопствено производство (освен за суровините кои ги немаме во еМакедонија).
3. Рекламирање, финансирано од државата на поволните услови за инвестиции (мали даноци и поефтина работна рака) во сите држави низ светот.
4. Стимулирање на извозот од еМакедонија ( со посебна програма за финансиска подршка на добрите македонски компании кои
ќе сакаат да купат лиценци за извоз во други држави)
5. Намалување со обемот на печатење на денари (тоа ја снижува цената на златото и ја прави македонската економија неконкурентна)
6. Државна интервенција кога се создава преголемо заситување на пазарот, со откуп на производи од македонските компании
7. Непотребно да не гласаме за трговски ембарга со сите држави од ЕДЕН, туку да гласаме само спрема оние кои навистина и помагаат
на еГрција или сакаат директно да ни наштетат.

Толку од мене, се надевам дека ве убедив дека имам знаење за да бидам дел од Конгресот на еМакедонија.
Се надевам дека мојот труд, знаење и желба се позначајни од голата партиска припадност.

Затоа, сите жители на ПОВАРДАРИЕТО ве повикувам да гласате за МРО-МНЕ и за мене Васил Чакаларов.
Така ќе и помогнете на еМакедонија.

Да живее Македонија!!!