Околу преселбата во Источна Македонија.

Day 1,089, 03:03 Published in North Macedonia North Macedonia by lazarosaMKD
Збор-два околу преселбата во Источна Македонија.

Во текстовите околу преселбата мислам дека треба да се потенцира жителите на Повардарие (секако не сите) да се селат во Источна Македонија.
Зошто?
Играчите кои доаѓаат во играва голем дел во РЛ живеат во Скопје и се ставаат во Повардарие.
Еве сајт кој дава статистика, се надевам точна, на моменталниот број на жители по региони.
http://eserbia.net/index.php?stranica=6&pays=MK

Повардарие - 3913 жители
Источна Македонија - 2709
Западна Македонија - 2332 жители


Значи од Западна Македонија нема потреба да се селат во Источна, туку само од Повардарие во Источна зашто Повардарие има константен прилив на жители од новите играчи.
Некоја идеална состојба би била Источна Македонија да има 45% од жителите а Западна и Повардарие заедно, подеднакво, да ги имаат преостанатите 55%.

Не е добро ни сите жители да се во еден регион затоа што еве се` се случува, пример не дај боже паѓа регионот, премногу е 9000 луѓе да се селат.

Важноста на Источна Македонија расте не само поради богатиот регион со камен туку и тоа што Бугарија за разлика од Грција може да го нападне само тој регион (додека Грција може сите 3 региони во ист ден да ги нападне).
Се поизвесно е дека Бугарија дали веднаш после престанувањето на заштитата или нешто покасно, сепак ќе ја нападне Источна Македонија.

Збор и за печалбарите.
Според http://eserbia.net/index.php?stranica=6&pays=MK во Србија има околу 109 Македонски печалбари. Тие 68 души со Македонско државјанство во Бугарија се играчи од Бугарија кои неуспешно пробаа да ја превземат Обединета еМакедонија а потоа и да има претседател Бугарин на Македонија.
Во останатите држави има незначаен број на Македонски печалбари.
Порака до нив, кога ќе се враќате во Македонија, задолжително да се доселувате во Источна Македонија.
Исто и вие кои одите на разни мисии (за мисиите во некоја друга прилика.....) потоа враќајте се во И.М.

За крај, имам 7 q1 авионски билети и нив ќе ги добијат првите 7 души кои:
-Имаат помалку од 20 левел.
-Жители се на Повардарие.

Ќе треба да се населите во Источна Македонија, ќе проверам дали навистина сте го направиле тоа. 😉