НЕ ПАЃАЈТЕ НА БУГАРСКИТЕ ПРОВОКАЦИИ

Day 1,083, 13:27 Published in North Macedonia North Macedonia by sarmetina



Не наседнувајте на бугарските провокации. Политичките ставови на Бугарите кои редовно спамираат на нашите артикли не се официјална политика на еБугарија. Сфатете, дека овие луѓе имаат сосема поинаква цел. Според она што може да се заклучи од стуацијата на терен, овие, „нашиве“ македонски Бугари сакаат да не испровоцираат и после во Феникс да го направат филмот дека ние отворено им претиме, им се закануваме и дека сакаме отворено да влеземе во војна со нив.
Со оглед на тоа дека сме мала држава и дека сеуште немаме големо богатство кое ќе ни овозможи самостојна одбрана на територијата, ние и натаму практично зависиме од сојузот и нашите пријатели.
Целта на овие Бугари (кои во нивната еБугарија се опозиција) е да издејствуваат или ние, или тие, да излезат до Феникс како би можеле да ја нападнат нашата територија. Другиот начин им е Грција да не нападне а тие од нив да ја добијат нашата територија, бидејќи (според нивните планови и размислувања објавени во некои нивни весници) Грција не ја сака територијава, сака само да го нема нашето име.
Затоа, оставете ги нека си спамуваат, Кога нема да добиваат одговори по секоја провокација, ќе сфатат дека веќе не се интересни, и нема да пишуваат.
Доказ дека целта им е само провокација е и тоа што секој нивни пост е навреда на нашите национални чувства. Тие знаат каде нас највеќе не боли и затоа намерно таму не напаѓаат.
Затоа, предлагам да ги третираме онака како што заслужуваат, односно да ги игнорираме. Не може да скокаме и да избувнуваме на секоја провокација на некој необразован идиот и неписмен малоумник и да му возвраќаме со иста мера.
Значи, апелирам, посебно до оние кои пишуваат, да се воздржат од коментари поврзани со Бугарија. Да се обидеме еден цел месец воопшто да не ги споменеме, да ги игнорираме, да сфатат дека овде, тие за нас не постојат.
На крајот на се, Македонија со векови била негирана од некои си квазиинтелектуалци, се правеле обиди да се уништи, да се асимилира населението, но ете... и до ден денеска името Македонија си постои, Македонците гордо го носат, и самоуверено ја градат својата држава.
Игнорирајте го секој идиотски обид да бидеме наведени да ги навредуваме. Нив тоа им е целта, но тоа не е нашето ниво.
Колку и да се обидуваат, набрзо ќе сфатат дека НЕ МОЖЕШ ДА УНИШТИШ НЕШТО ШТО НЕ УМИРА

Доколку се согласувате со овој начин на одговарање на бугарските провокации Ве молам, поддржете ја мојава статија со еден глас. Претплатата и не е толку важна, важно е текстот да биде прочитан од што повеќе Македонци


Александар Спасовски
sarmetina